Авитаминоза претставува недостаток на витамини.

Со витамини против Авитаминоза

Витамините немаат енергетска и градивна улога но, обавуваат бројни физиолошки функции. Недостаток на некој витамин може да биде причина за разни болести.

Витамин А

Негов недостаток предизвикува појава на дамка на рожницата (го ремети видот), се суши и се перута кожата, доаѓа до промени на слузокожа на бронхии, црева и желудец. Го има во жолчка, морков, грашок, зелена салата, млеко, путер, сливи, портокал, лимон, рибино масло.

Витамин Б

Недостаток предизвикува слабокрвност. Го има во житарки, мекињи од ориз, орев, патлиџан, спанаќ, млеко, путер, жолчка, пивски квасец.

Рецепт за чај за витамин Б

Се мешаат 2 супени лажици пивски квасец и 1 супена лажица мармалад – се јаде по ручек и вечера.

Витамин Ц

Оваа авитаминоза е т.н. Скорбут.  Предизвикува малаксаност, болки во екстремитетите, слаб апетит.   Витамин Ц има во јаболка, лимон, пиперки, круши, кајсии, портокал, домат, шипка, компир, зелка, морков, киви.

Рецепт за чај за витамин Ц

По 1 супена лажица борови пупки и иглички, зрел црвен плод шипак, лист детелина, цвет и лист Босилек, корен од Чичока и лист јагода; се попарува со 1 л зовриена вода  и по 2 часа се процедува. Се пие по 2 дл на секои 3 часа.

Авитаминоза со Витамин Д

Недостаток предизвикува Рахитис (кривење на коските). Го има во рибино масло, маслац, млеко, зелено лисје, жолчка, банана, риба.
Пред оброците се зема по 1 супена лажица ситно сецкано семе Пискавица со 0,5 дл овошен сок.

Витамин К

При недостаток од витамин К доаѓа до чести крварења (крвта е ретка), дури и при најмали повреди, често и без видлива причина. 

Го има во зелена салата, зелка, спанаќ, кељ, карфиол, глуварче, боранија, масло од соја и од пченкарни клици, сончоглед, ајдучка трева.               

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови