Автоимуни болести настануваат кога организмот губи имунолошка толеранција на своите антигени!
Опис на болеста
Организмот почнува да ги напаѓа сопствените клетки и ткива и настануваат бројни пореметувања, односно, имуносистемот преслабо или прејако реагира и уништува сопствено ткиво.
Денес владее вистинска епидемија на автоимуни болести: дијабетес тип-1, астма, мултипла склероза, лупус, целијаклија, ревматоиден артритис, псоријаза, витилиго, хашимото синдром, склеродерма – ги има околу 80 вида!
Често имаат слични симптоми, па дијагнозата тешко се поставува.
Автоимуни болести – причини
Најчесто тоа е загадена животна средина, модерен начин на живот, наследен фактор, вируси, бактерии, габи и паразити. Потоа: силен стрес, лоша исхрана, недостаток од витамини, дебелина, нуспојави од лекови, токсини, пестициди, пушење, синдром на пропусни црева (нарушен баланс на патогени и добротворни микроорганизми во телото).
Синдром на пропусни црева
Овој синдром е честа појава, микро-организмите го оштетуваат интестиналниот ѕид и цревата пропуштаат премногу несварени частички храна, токсини и антигени во крвотокот! Имуносистемот реагира на нив како на страни тела и се покренува т.н. Алергиска реакција и воспаление во целото тело.
Најчест виновник за тоа е Глутен!
Ако ја исфрлиме од исхрана храната која го содржи, доаѓа до подобрување на состојбата. За побрзо зараснување на цревата помагаат и пробиотици, глутамин, бутирична и гама-линоленска киселина, ензими за варење и витамин Д!
Препораки за исхрана
Оптимизирање на начинот на исхрана може да помогне во намалување на симптомите – се препорачува т.н. Автоимуна диета. Таа вклучува внес на анти-воспалителни намирници и избегнување на тие со висок воспалителен фактор. За Мултиплекс склероза успешни се покажале ОМС и Сванкова диета. Против артритис – Донгова диета.
Треба да се направи тест на интолеранција на храна, како и на присуство на жива и тешки метали!
Корисно е да се филтрира водата што ја пиеме, да се користат природни козметички средства, да се користат инокс садови за готвење, да се заменат сите амалгамски пломби од забите. Една студија тестирала луѓе со висок ризик да развијат Лупус и ревматоиден артрит на ниво на бета каротен, витамин Е и А; по 15 години, кај тие што се развила болеста, најдени се ниски нивоа на тие нутриенти.
Билки кои треба да се избегнуваат кај автоимуни болести
Потенцијална опасност за оние кои патат од ревматоиден артрит, псоријаза, мултипла склероза, целијаклија, кронова болест, хашимото и др. се некои билки како Ехинацеа, Бозел, лист малина, астрагалус, азиски жен-шен, мачја канџа, кантарион.
Корисни габи и билки кај автоимуни болести
За разлика од имуно-стимулаторите, кои имаат поттикнувачко дејство, имуно-модулаторите го враќаат имуносистемот во рамнотежа!
Тука спаѓаат некои печурки со високо ниво на полисахариди, кои делуваат како имуномодулатори.
Одлично се покажала Реиши кај многу болести – кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, респираторни проблеми, алергии, тумори, автоимуни пореметувања.
Шитаке е исто така одличен имуномодулатор!
Корен од Сладиче исто така!
Ефикасен е против, воспаленија, бактерии, габички и вируси; кај особи со тумор зајакнува имуносистем, а кај тие со автоимуни заболувања намалува претеран имунолошки одговор. Особи кои имаат висок крвен притисок треба да не го користат!
Добро делува и Ашваганда, Куркума (одлична против ревматоиден артритис), Коприва, Хмел, Пелин.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови