Плодност – чест е случај жените да не можат да забременат, нешто не е во ред – пореметен ниво на хормони, полицистични јајници, ендометриоза, физички и психички блокади, превисоко ниво на Пролактин или чест случај е и неплодност кај партнерот.
Влијание имаат: неуреден начин на живот, пореметен сон, лоша исхрана, загадена животна средина и др.
Билни рецепти кои можат да помогнат за плодност
Билните средства што ќе ги наведеме не се магично стапче, но сепак можат многу да помогнат во зачнување!
Коноплика
Семе од коноплика намалува превисоко ниво на хормон Пролактин во телото, кој ако е повишен знае да ја скрати втората фаза на менструалниот циклус и со тоа да отежне зачнување. Конопликата подобрува работа на јајници и поттикнува производство на прогестерон, кој е важен во почетните фази на бременоста – го зацврстува ембрионот на ѕидот на матката; ако го нема доволно, постои ризик од спонтан абортус.
Црвена детелина
Нутритивно богата билка; чајот ублажува евентуални недостатоци во организмот, што зголемува можност за зачнување. Има пуративно (прочистувачко) дејство – чисти крв од токсини, кои пореметуваат работа на сите органи, па и на репродуктивните. Добро делува на хормоните, на циркулацијата – на јајниците и матката им е потребна добра циркулација на крв.
Лист од Малина за плодност
Содржи фолна киселина, која е многу важна за развој на плодот во бременост, многу минерали и витамини. Регулира и неправилни менструални циклуси, што овозможува предвидливост на времето на овулација. Чај од лист Малина се пие пред зачнување па се до постпородилниот период, благотворно делува во прилагодување на матката. Добар е за сузбивање на цисти на јајници и против ендометриоза.
Коприва
Недостаток на железо намалува квалитет на јајце-клетки; недостаток од витамин Д се поврзува со пореметени нивоа на хормони. Коприва содржи многу железо и витамин Д, како и витамини А и Ц, а од минералите калциум, калиум, магнезиум и хлорофил – тие отстрануваат тешки метали од организмот!
Копривата има и смирувачко дејство – против стрес кој може да поремети менструален циклус. Се користи како чај, но и во салати, чорби, јадења.
Чај од коприва: 2 супени лажици лист коприва попаруваме со 0,5 л жешка вода и по 30 минути процедуваме. Се става сок од пола лимон и ова се пие во тек на денот во голтки, во траење од 10 дена; правиме пауза од 7 дена, па може да се пие пак.
Куркума за плодност
Подобрува овулација кај жени кои патат од полицистични јајници. Има антивоспалително дејство (може да се пие чај од куркума и за време на бременост!) и поволно делува на црниот дроб. Освен како чај, се користи и како зачин.
Дополнителни совети за плодност
- Жени во текот на зачнување треба здраво да се хранат – здрави јаглени хидрати, масти и протеини, кои ги има во зелениот зеленчук, во мехунарките и овошјето, житарките, јајцата, орашастото овошје, во рибиното масло.
- Спијте доволно – премалку спиење предизвикува хормонален дисбаланс. Добри се и попладневните дремки.
- Пазете на токсини – цигари, кофеин, наркотици, хемикалии од козметички препарати.
- Научете да го канализирате стресот!
- Одржувајте нормална телесна тежина, дебелина носи ризик од инсулинска резистенција. Не е добра ни премала телесна тежина – јајниците можат да влезат во ановулаторна фаза и да престанат да исфрлаат зрели јајце-клетки!
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови