Што се укажува на стрес?
Опис
Често не сте во состојба прибрано да размислувате, расејани сте, заборавате, со чести ситни незгоди.
Причината е најчесто лоша организација на времето, слаба физичка активност, нередовна исхрана, незадоволство во работата, љубовниот живот. Остварувате лош однос со луѓе, вознемирени сте, напнати, раздразливи, лошо реагирате и на ситници.
Имате чувство на преоптеретеност од обврски….сето ова укажува на стрес!
Препораки кај стрес
Мора да најдете време за одмор и релаксација, некое занимливо хоби, прошетки, седење во тишина. Можеби слушање лесна музика, читање, опуштање во топла ароматична купка.
Нутриционистите советуваат конзумирање на здрава храна, овошје и зеленчук, житарки, свежо цедени сокови…
Хроничен стрес
Лица постојано изложени на стрес често патат од кардио-васкуларни заболувања и имаат високо ниво на лош холестерол и триглицериди. Депресивни се и апатични, имаат пореметен сон. Исто така подложни се на ризик од мозочен удар, висок крвен притисок, чир на желудник и/или 12-сто палачно црево, бронхијална астма итн.
Билни рецепти кои помагаат кај стрес
- 1 супена лажица иситнет лист Имела, Круша или Топола и по 1 супена лажица лист Магдонос и Нане попаруваме со 7 дл зовриена вода и по 2 часа процедуваме! Се дели на 3 чаја за еден ден (по 230 мл), ги засладуваме со малку мед. Се пијат пред јадење.
- Во 1 л зовриена вода ставаме по 1 супена лажица иситнет лист Срдачица, Маточина, лист и цвет Босилек, лист Магдонос и лист и цвет од Пиревина; стои поклопено 90 мин., потоа процедуваме и засладуваме со мед (по желба). Се пие секој саат по 1 дл, во траење од 10 дена.
- Со иста постапка правиме и користиме чај од по 1 супена лажица лист Миродија и Магдонос и по 2 супени лажици лист и цвет од Босилек.
Кај Нервоза
Мешаме по 1 супена лажица иситнети лист од Рута, Нане и Рузмарин. Ги попаруваме со 1 л зовриена вода, стои поклопено 90 мин. и процедуваме. Се пие на секој саат по 1 дл чај (по желба засладен со мед), во траење од 10 дена.
За Опуштање
Како и во претходните рецепти, правиме чај, мешаме по 1 супена лажица лист и цвет Босилек и лисја Рузмарин и Маточина…се користи на ист начин.
Кај Вознемиреност
Со иста постапка и начин на користење како претходните чаеви, користиме смеса од по 1 супена лажица исецкани ризом и корен од Валеријана и Целер и лист Имела…
Кај Несвестица
Причина е слаб доток на кислород до мозокот; почнува со зачестено зевање, вртоглавица и потење, мачнина, тресење, чувство на топлина, бледило, останување без здив…помага:
Чај од Ајдучка трева – 1 полно кафено лажиче попаруваме со 2,5 дл зовриена вода и по 10 мин. процедуваме. Се пијат 2 чаши на ден во голтки, со 1 кафено лажиче сок од лимон и засладени со 1 кафено лажиче мед.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови