Ранички на грло на матка – мора да се оди на лекар да се утврди вистинската состојба и да се добие соодветна терапија.
Опис
Се работи за преголем раст на клетки на површинската слузокожа или на отворот помеѓу матката и вагината, т.н. цервикална дисплазија. Овие клетки во најголем број случаеви не се малигни, сепак мора на време и правилно да се третираат. Лошо е да се препуштиме на судбината, сепак постои ризик тие да се развијат во инвазивен карцином или во рак на грло на матка. Блага форма често и нема симптоми и случајно се открива на пап-тест, па поминуваат без лечење. Во потешките случаеви, тие абнормални клетки треба да се отстранат за да се намали ризик од рак.
Причинители и пренос
Кај повеќето случаеви на цервикална дисплазија е приметено присуство на хуман папилома вирус. Овој вирус е полово пренослив, а заразата може да се пренесе и со директен контакт на заразена кожа и слузокожа. ХПВ вирус има преку 100 вида – повеќето не се опасни.
Симптоми за ранички на грло на матка
Сексуално активните жени, во поголем број, се заразиле со овој вирус барем еднаш, но инфекцијата не била трајна и вирусот спонтано исчезнал и не се развило заболување. Но, кај 7-8% жени кои се заразиле со ХПВ, се развива трајна инфекција која може да поприми потешки форми. Доколку има појава на цедење на секрет, тоа е од бактерии или од вируси. Матен секрет укажува на бактериска инфекција, а бистар секрет на вирусна инфекција.
Билни рецепти
Билката Сурутарка (Суручица) е богата со салицилати, флавоноиди и танини – тие се заслужни за антимикробното дејство! Сурутарка спречува појаки крварења и им помага на жените со обилни менструации и миоми, а ја штити и слузокожата во организмот.
Рецепт:
Мешаме по 25 гр Сурутарка и Ајдучка трева, од смесата земаме 1 прстофат и го попаруваме со 2 дл зовриена вода. По половина час се процедува. Се пијат 2-3 вакви чаши на ден – 14 дена, потоа се прави пауза од 2 недели.
Билките со антивирусно дејство делуваат против сите вируси, па и против ХПВ! Таква е билката Љутиче (Ranunculus acris), ги има повеќе видови и треба да се знае дека, во свежа состојба, сите се отровни! Со сушење на билката, отровноста се губи!
Одлична е за имунитет и против бактерии и вируси. Содржи соединение Берберин, кое покажало и антиканцерогено дејство.
Билката Ехинацеа спречува развој на воспаленија во самиот почеток, спречува ширење на инфицирани клетки, па и на ХПВ вирусот.
Во борба со ХПВ вирусот добра е и габата Реиши!
Лисјата од Маслинка се исто така многу корисни.
Во продолжение неколку добри чаеви:
- Мешаме по 1 супена лажица исецкан лист Тегавец, Кантарион, Руса трева, Ајдучка трева и невен; смесата ја ставаме во 1,2 л зовриена вода, поклопуваме и оставаме да одстои 2 саата. Процедуваме. Се пие по 2 дл чај пред главните оброци.
- Во 0,5 л зовриена вода ставаме 2 супени лажици семки од Коноплика, по 1 кафено лажиче исецкан корен од Чичока, црвена Детелина и Невен; оставаме да одстои 1 саат и процедуваме. Се дели на два дела, пред ручек пола, пола пред вечера.
- Вагинален секрет – мешаме по 1,5 супена лажица сув лист Орев, Бршлен и Коприва и по 1 супена лажица Камилица и Ајдучка трева; Загреваме 0,5 л вода, ги ставаме состојките и оставаме кратко да вријат, само 5-6 секунди и го тргаме садот од оган. По 15 минути процедуваме. Два пати на ден се пие по 100 мл чај.
Внимание: подобро е да не се ставаат облоги, поради нестерилност можат да ја влошат состојбата!
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови