Проблеми со варењето на храната т.е. дигестивни пореметувања: народски проблеми со метаболизмот, со желудникот, цревата, гасови, надутост, пролив.

Опис на проблемот

Статистички, секоја 3-та особа постара од 65 години има некој проблем со варењето. Проблемот постои и доколку имате нередовна столица – тоа значи помалку од 1-2 столици на ден. Најчести проблеми кои се јавуваат се подуеност, затвор, дијареа, горушица, мачнина, повраќање, болка, крв во столица.

Поради лошите навики во исхраната, проблеми со варење се јавуваат и кај децата – јадат премалку овошје, односно имаат премал внес на влакна! Брза храна комбинирана со стрес, многу често резултира во проблеми како што се горушица и болки во стомакот.

Жените во бременост исто така имаат проблеми со варење поради хормоните, но и поради зголемената телесна тежина.

Последици од проблеми со варењето

Гастро-езофагеална рефлуксна болест

Неправилна исхрана, преголем внес на кофеин и алкохол, недвижење, злоупотреба на лекови и сл. можат да предизвикаат настанок на т.н. Гастро-езофагеална рефлуксна болест! Тоа е состојба кога желудочната киселина се враќа нагоре кон ждрелото и ја иритира слузокожата. Тоа предизвикува горушица – со болка во градите, под градната коска, особено после јадење или навечер, а се јавува и при лежење и наведнување.

Камен во жолчка

Друг проблем кој е последица на внес на прости јаглени хидрати и исхрана богата со животински масти, но и поради зголемена телесна тежина, е камен во жолчка. Кај помал процент на заболени (околу 20%) се јавуваат симптоми како што се мачнина и болка во горниот дел на стомакот, повраќање. Дури кај 80% заболени симптомите се одвај приметливи или пак воопшто и ги нема.

Синдром нервозни црева

Неправилната исхрана може да предизвика и настанок на т.н. Синдром на нервозни црева. Обично е пропратена со опстипација и тврда столица, а се јавува и дијареа со воденикава столица и често чувство на подуеност и создавање на гасови. До тоа води и честа употреба на разни сосеви и засладувачи, како и мрсна храна и шеќери, а и месни преработки.

Сите овие лоши навики во исхраната се и чест предуслов за настанок на рак на дебело црево.

Препораки кај проблеми со варењето

Доколку патите од горушица, чир на желудец или гастритис, освен правилна исхрана битно е и оброците да не се преобилни, наместо 3 да бидат 4-5, без преголем внес на течности. Добро делува варено овошје – додека кромид, лук, домати, цитрусно овошје и свежо овошје знаат да ја иритираат слузокожата.

Купечките компоти често содржат додатно количество на шеќер и не се препорачуваат.

Она што ќе помогне против синдром на нервозни црева е внес на храна со помалку масти, а побогата со влакна и избегнување на спомнатите иританти на слузокожата, како и избегнување на глутен и лактоза. Глутен има во пченица, јачмен, ‘рж. Овесот е поподнослив, но сепак треба да внимаваат заболените од целијаклија.

Мажите треба да внесуваат повеќе влакна од жените, некаде околу 35 гр. на ден, додека жените околу 20-25 гр. Има влакна кои се растворливи во вода и кои не се. Така, влакната од пченичните зрна се нерастворливи во вода, а од овесот се растворливи. Треба да се внесуваат еднакво и двата типа на влакна. Нерастворливите влакна апсорбираат течност и успоруваат доток на гликоза во крвта, а даваат и подолго чувство на ситост. Нерастворливите влакна олеснуваат празнење.

Општа препорака е да се избегнува мрсна и пржена храна и пречеста конзумација на месо. Последниот оброк, вечерата треба да биде најдоцна до 19 часот. Потребен е и доволен внес на вода, некаде околу 2 литра во просек, а при зголемен физички напор и повеќе.

Доколку сте склони на создавање на гасови, поретко конзумирајте грав, зелка, црвен кромид, карфиол и пченка. Доколку имате иритирана слузокожа во дигестивниот тракт, внимавајте со зачините, добри зачини се нане, цимет и донекаде куркума и ѓумбир.

Билки кои помагаат кај проблеми со варењето

Постарите особи, при затвор е добро да пијат чај од корка од Крушина и лист Сена, а чај од Нане смирува болки и елиминира гасови и подуеност.

Децата треба да пијат по 1-2 мали чаши чај од Камилица на ден.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови