Бубрезите ослободуваат од организмот штетни материи, регулираат движење на вода и соли, го регулираат метаболичкиот, крвниот притисок, како и хормоналниот статус. Ако поради некоја причина не обавувааат функција на исфрлање на вишокот течности, електролити, штетни материи, настанува Акутна бубрежна инсуфициенција!

Можни причинители за развој на акутна бубрежна инсуфициенција се:

  • Недоволна снабденoст на бубрезите со крв – поради срцева слабост, откажување на црните дробови, пренизок крвен притисок, дехидрација или од физичка повреда која ги блокира крвните садови.
  • Пречки во истекувањето на урината.    
  • Поради зголемена простата или притисок на тумор врз уринарниот тракт.  
  • Повреди на бубрезите – при примена на контрастни средства, од сепса, блокада на артерии или вени во бубрезите, натрупување на кристали, белковини и др. материи, од користење на некои лекарства…
Slika: Stara ženska osoba koja e vo polulegnata položba i se drži za čeloto. Слика: Стара женска особа која е во полулегната положба и се држи за челото.
МАЛАКСАНОСТ. МАЧНИНА, ГЛАВОБОЛКА

Клиничка слика:

Клиничката слика на акутната бубрежна инсуфициенција зависи од причината, тежината на состојбата и од брзината со која напредува болеста.

Во почетокот симптомите се слаби – намалено излачување на урина; ако за 24 ч количината на излачена урина е помала од 4 дл- настапува 2-рата фаза на болеста, која се манифестира со малаксаност, мачнина, слаб апетит. Ако овие симптоми се занемарат, болеста напредува – паѓа концентрацијата, се појавува нервоза, и крајно, отрпнатост, бунило и грчеви. Дишењето е длабоко и испрекинато, јазикот сув, со неволно тресење на мускулите.

Терапијата мора што побргу да се спроведе, во спротивно постои ризик и од смртен исход.  

Акутна бубрежна инсуфициенција – Последици:

Најтешка и најчеста последица од акутна бубрежна инсуфициенција е нарушен баланс на течности во организмот. Водата се исфрла со потење, преку цревата и бубрезите –  но ако не се одвива правилно, доаѓа до хиперхидратација на организмот! Оваа интоксикација со вода предизвикува разни невролошки пречки, проблеми со варење, како и респираторни и срцеви тегоби; може да предизвика и Анемија, како и пореметување во коагулацијата на крвта.

Дијагноза:  

Ја утврдува Др специјалист Уролог!

Навремена терапија ветува добри прогнози за опоравак, но сепак се зависи и од причината за болеста. Исхраната мора да ги обезбеди енергетските потреби, но се ограничува внес на белковини! Докторите обично даваат лекарства за намалување на Фосфорот и Калиумот во крвта, а во голем број случаеви се врши и привремена дијализа (неколку дена до неколку недели), а при потешки оштетувања на бубрези и доживотно, или пак се врши трансплантација на бубрези.

Внес на течности и храна зависи од степенот на функционирање на бубрезите – колку се исфрла толку и се внесува.     

Слика: Лубеница во тањир. Slika: Lubenica vo tanjir.
ЛУБЕНИЦА КАКО ДИУРЕТИК

Акутна бубрежна инсуфициенција – Фитотерапија:

  • Лубеница –  прочистува и ја подобрува функцијата на бубрезите. Исфрла натрупани соли каде и да се во телото!
    По консултација со нутриционист, може да се користи за детоксификација и 7 дена да се јаде само лубеница.    
  • За полесно мокрење: во 1 л вода вариме на тивко – 2 главици Кромид, по 1 китка Магдонос и Целер, и 8 супени лажици мед;  се пие топло, по 1 чаша, 4 пати на ден.      
  • 1 кафена лажица лист Бреза стои 10-15 мин во 2 дл варена вода, се процедува. Се пие 2-3 пати на ден.       
  • Чај од пченкарна свила–  во рок од 24 ч за неколку пати го зголемува количеството на излачена урина, отклонува грчеви во бубрезите, помага за исфрлање на песок и камења и намалува ниво на Фосфор и белковини во организмот! 1 полно кафено лажиче во многу топла (НЕ во врела) вода, по 4-5 минути се процедува. Се пие по 1 супена лажица чај на секои 2-3 сата.     
  • Зголемена простата како причина за акутна бубрежна инсуфициенција: 3 пати на ден по 1 супена лажица масло од пченични клици, семки од Тиква, чај од ситно сецкана Врбовка со полен, мед со полен и семки од сончоглед/сусам


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови