Дисхидроза е вид екцем кој е ретко пропратен со компликации.
Опис
Отежнува одење и користење на раце. Обично трае 20-тина дена. Периодот на излекување се скратува со природни лековити средства. Во случај и по примена на природни лековити средства да се појават нови пликови, мора да се оди на кожен лекар за да се одреди медикаментозна терапија.
Болеста се препознава по појава на пликови на дланките и стапалата. Пликовите се мали, исполнети со течност. Со време се сушат, кожата станува сува и се лупи. Пликовите не смеат да се чешаат поради можна инфекција. Раце и нозе не смеат долго да се држат во вода, треба да се избегнуваат нагли промени на температура.
Болеста не е заразна. Главно се јавува на возраст од 20-40 години. Дисхидроза се јавува кај особи изложени на стален стрес, но и кај особи кои работат со никел и кобалт или се често во допир со накит и мобилни телефони.
Кожен лекар може да препорача, меѓу другото и фототерапија за лечење на болеста.
Природни лековити средства за дисхидроза:
Хамамелис – одлично помага нанесен топикално. Ублажува јадеж и воспаление, негува сува и испукана кожа која се создава по повлекување на пликовите. 30 гр билка прелеваме со 250 мл зовриена вода и оставаме да врие 20-тина минути. Се остава 8 ч да одстои, потоа се процедува. Овој тоник се нанесува на кожа 3 пати во текот на денот.
Жолто ноќниче – смирува кожа; содржи Омега-6 масни киселини, витамини А, Д, Е, К и одржува нормална хидратација на кожа. 5 лажици семки се гмечат и се прелеваат со 2 дл бадемово масло; се остава 10 дена, со секојдневно проматување. Се процедува и се мачка повеќе пати во денот.
Алое вера – гел од лисјата ублажува иритација и црвенило; забрзува процес на регенерација и намалува осетливост на кожа по повлекување на пликовите. Помага и против кожни бактериски инфекции кои се јавуваат поради допир или гребење на пликови. Мешаме по 1 лажица алое, мед и кокосово масло; се мачка на кожата и се остава да делува 5 минути. Се мие со млака вода и се мачка со хидратантна крема.
Сончогледово масло – го штити надворешниот слој на кожата, ја хидрира и намалува воспаление. Спречува развој на бактериски инфекции. Се мачка по туширање.
Мишјакиња – делува против воспаленија и вируси. Ублажува црвенило и иритација. Забрзува повлекување на пликовите. 1 лажица иситнета билка се прелева со 200 мл зовриена вода и по 15 минути се процедува. Натопуваме мека памучна крпа и оставаме да стои на зафатените подрачја 30-тина минути. Се користи повеќе денови.
Невен – подобрува циркулација, одржува хидратација, делува против инфекција. При отворени рани, невенот забрзува нивно зараснување. Се мачка свинска маст со невен, неколку пати во денот.
Овесна каша – има смирувачки ефект! По повлекување на пликовите, овесната каша омекнува кожа и ја хидрира. Овесна каша се прави со млеко, се блендира за да се направи паста. Се нанесува директно на кожа. Стои 15 мин., потоа се мие со ладна вода. Се користи повеќе пати во денот.
Препораки:
Да се избегнува месен нарезок, сардини, туна од конзерва, паштети, грав, соја, чоколадо, семки и орашасти плодови. Добро е да се конзумираат намирници кои се богаати со витамин А – забрзува регенерација на кожа и создавање на здрави клетки. Штити од потенцијални инфекции и ублажува црвенило. Го има во говедски и јагнешки џигер, лосос, козјо сирење, тврдо варени јајца…
Ако ве интересираат хербални (билни) рецепти, можете да ги најдете под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови