Есен, па се до доцна пролет е сезона на настинки и вируси; најчесто луѓето заболуваат од т.н. Ларингитис (воспалено грло).

Ларингитис, засипнатост или промукнатост – опис

Најчест причинител на воспалено грло се вируси. Болеста е заразна, најчесто акутна и поминува за 4-7 дена. Хроничното воспаление на грло е покомплексно, настанува од НЕ-лечено воспаление на грло, од пушење, алкохол, загаден воздух, претерана употреба на гласните жици…и подолго се лечи. Се воспалува слузницата, отекува, а доаѓа и до делумно губење на гласот и т.н. Засипнатост или Промукнатост, но и кашлица.

Препораки

Особата, особено децата, треба да се смират, да се постават во подобна положба и да се обезбеди доволна влажност на просторијата! Добро помага, при напад на кашлица, да се оди во купатило кое е замаглено со постапката врел/ладен туш, пареата намалува грч на гркланот. За оптимална влажност, во спалната соба се става сад со жешка вода со неколку цвета камилица. Водата се лади, па мора да се замени со жешка неколку пати.

Во потешки случаеви кога е отежнато дишењето, мора да се оди на лекар!

Чаеви за ларингитис

  • Се прави смеса од по 20 гр Црн Слез и Тегавец, 15 гр Маточина и по 10 гр Дивизма, Мајчина душица и коморач; 1 лажиче смеса од билките се попарува со 250 мл жешка вода и стои поклопено 15 минути. Се процедува. Чајот се пие млак, во мали голтки. Се пијат 1-4 чаши чај на ден, зависно од возраста и тежината на случајот. Мед се додава кај деца над 15 месеци старост и тие кои не се алергични на пчелни производи. Дивизма, Мајчина душица и Тегавец се природни антисептици, Слез и Дивизма имаат слуз која поволно делува на слузницата на гркланот, гласните жици и ждрелото. Маточина смирува и има силно антивирусно дејство
  • Петровец – вистинска билка за заболено грло, усна шуплина и ждрело! Сите кои често ги оптеретуваат гласните жици (говорници, пејачи, предавачи, водители…треба почесто да прават гаргара со чај од Петровец. Чајот има адстрингентно дејство (стега ткиво и делува антивоспалително). Делува против бактерии и вируси, подига имунитет, ублажува симптоми на ларингитис – болки во грло, кашлица, тешкотии при голатње…
    Рецепт за чај: 1 полна лажица билка се попарува со 2 дл жешка вода, стои 15 мин. се процедува и се прави гаргара, 2-4 пати на ден
  • Коморач и мед – во топла вода растопуваме 1 лажиче мед, ставаме 5-6 капки етерично масло од Коморач; гаргара се прави 2-3 пати на ден
  • Помага и гаргара со топла вода во која е растопена ¼ лажиче морска сол

Етерични масла кај ларингитис

Комбинација од неколку етерични масла помага полесно да се дише, спречува грчеви и делува антивоспалително.

Масло за масажа –  во 100 мл маслиново масло ставаме по 20 капки етерични масла од Еукалиптус и од Лаванда (и по можност 10 капки од Равенсара); се мачкаат гради и грб. Маслата бргу влегуваат во крвоток и делуваат лековито.

Масло за деца помали од 3 години – и деца можат да користат етерични масла, но мора да се разблажат и да се намалат дозите! Во 100 мл маслиново масло ставаме по 10 капки етерични масла од Лаванда и Еукалиптус; се масираат гради и грб.

Народната медицина познава многу други рецепти, пробајте со овие што ги наведовме, се покажале ефикасни!


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови