Паркинсонова болест е хронична и прогресивна дегенеративна болест на нервниот систем која резултира со неможност за намерни и планирани движења, т.е. намалена моторна функционалност.

Лек сеуште нема, но има лековити билки кои многу помагаат! 

Симптоми

Тресење, неприродни движења на телото, тн. ,,вртење таблети“ со прстите, проблеми при зборување и одење, при голтање, при спиење… 

Паркинсонова болест и допамин

Дел од мозокот кој контролира движење на мускули добива недоволно Допамин, неопходна хемикалија за координација, за учење, мотивација, која регулира расположение. Тоа е причина што депресија и други промени на расположение често имаат влијание на заболените од Паркинсон. Послабо лачење на допамин може да настане и поради воспаление или повреда на централниот нервен систем, поради употреба на некои лекови и од некои цереброваскуларни заболувања.

Паркинсон: ризични фактори

Како ризични фактори се: преголемо количество на токсини, токсична вода, хемикалии, воспаление на мозок, старост, пол – многу почесто заболуваат мажи на возраст над 60 години. Утврдено е дека настанува поради пропаѓање на клетките на сивата мозочна маса кои лачат Допамин. Синтеза на Допамин се одвива со помош на Тирозин – неесенцијална амино-киселина, која организмот сам ја произведува, но само доколку има доволно амино-киселина фенилаланин, која мора да се внесе преку храната. Најмногу ја содржат високопротеински намирници, како полешко и друго месо, јајца, сирење, риба (оние кои се богати со Омега-3 масни киселини), семки и пченични клици.

За синтеза на сите неуро-трансмитери како и на допамин неопходен е витамин Б6, кој најмногу го има во сок од лубеница.

Што помага за ублажување симптоми на Паркинсонова болест?

Екстракт од билката Ашваганда подига ниво на допамин (тн. хормон на среќа), а слично делуваат и зелен чај и рузмарин.

Билни чаеви кои можат да се користат кај Паркинс

1. Вербена и Липа – мешаме еднакви делови липа, вербена и камилица. 1 лажица смеса прелеваме со 0,5 л жешка вода и оставаме да одстои поклопено 30 минути. Процедуваме. Се пијат 2 незасладени чаја на ден.

2. Рузмарин и Матичњак – мешаме еднакви делови од билките. Постапката е иста како под број 1.

3. Валеријана – смирува напнати нерви и помага против депресија, која често оди со паркинсонова болест. 2 лажици исецкан корен прелеваме со 0,5 л зовриена вода и оставаме поклопено 1 саат. Се пие во голтки цел ден. 

4. Имела – 1 лажиче исецкана имела прелеваме со 1 чаша ладна вода и оставаме така цела ноќ. Наутро процедуваме и пиеме на секои 30 минути по 1 голтка.

5. Ивањско цвеќе и ајдучка трева – мешаме еднакви делови ивањско цвеќе, рузмарин, корен од глуварче и ајдучка трева. 1 лажица смеса полеваме со 1 чаша ладна вода и загреваме до вриење. Тргаме од оган и оставаме да одстои 30 минути. Се процедува и се пие незасладено, пред јадење. 

Купка која прија кај Паркинсонова болест

Доколку се појават вкочанети зглобови и тремор, често помага купка од мајчина душица и жалфија, се прави два пати неделно по 20 минути. Во 2 л жешка вода ставаме по 50 гр мајчина душица и жалфија. Загреваме до вриење и тргаме од оган. Стои 30 минути поклопено, потоа се процедува и се истура во када со топла вода.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови