Штом човек се инфицира со вируси, тие се размножуваат со голема брзина. Ако е имуносистемот ослабен, т.н. ,,клетки-чувари“ не се способни да ги уништат вирусите – се развива заболување!
Во принцип, антибиотиците се наполно бескорисни во борба против вирусите!
Современата медицина ја воведе широката употреба на антибиотици против бактериските инфекции и несомнено е дека тие се едно од најголемите достигнувања на медицината. Сепак, лекарите често ги препишуваат, а поради нивната прекумерна употреба (на пример, во услови кога имунолошкиот систем би можел сам да се бори), опасните бактерии околу нас имаат многу повеќе можности да се развијат. Има се повеќе видови отпорни на антибиотици, вклучително и опасните супербактерии. Употребата на антибиотици има и нуспојави, како што е уништување на цревната флора, односно бактерии кои помагаат во варењето на храната (а учествуваат и во регулацијата на имунолошкиот систем).
Постојат неколку званични антивирусни лекови, Ацикловир против Херпес, АЗП против СИДА и Интерферон – протеин кој и самиот организам го создава.
Научно е докажано – овие билки помагаат во борба против вируси!!
Ехинацеа
Најпозната антивирусна лековита билка. Зајакнува и стимулира имуносистем, корисна е против вируси и бактерии. Докажано делува при акутни инфекции на дишни патишта, вклучувајќи Грип, Настинка, Бронхит, Синусит, Тонзилит, Воспаление на уво.
Ехинацеа се зема веднаш со првите симптоми на болеста. Таа е природен антибиотик, затоа користењето се ограничува на највеќе 7-8 недели во континуитет!
Ѓумбир против вируси
Се прави чај од свеж корен или сув прав и се става во напитоци.
Рецепт за намалување температура: 2 кафени лажички нарендан свеж корен Ѓумбир, 1 кафена лажичка суво Нане и 1 кафена лажичка сув цвет од Бозел; стои 10 минути поклопено во 2,5 дл врела вода, се процедува. Се пијат 3-4 чаши на ден.
Црн Ким
Лековитоста на оваа билка е потврдена со модерните истражувања. Има повеќе од 100 активни состојки и делува на широк спектар заболувања. Благотворно делува на: дишните патишта и на уринарниот систем, на систем за варење; зајакнува имунитет, лечи бронхит и хронична кашлица. Одличен против алергии и Астма! Делува како природен антибиотик, без штетни последици, па во сезона на настинки и грип можат да го користат и деца.
Тахебо против вируси
Јужноамериканско дрво, едно од најлековитите за јакнење на имунитет. Има капсули, таблети, тинктури и чај – значително можат да придонесат за јакнење на имунитет при состојби на настинки и грип, бронхит, синдром на хроничен замор, ХИВ инфекција!
Има противвоспалителни својства, па е делотворен против акутен бронхит со симптоми на воспаление на дишни патишта и болки во мускули.
Локална примена на Тахебо-тинктура, меѓу другото, може да одстрани брадавици од површина на кожата.
Маточина
Многу пријатен чај, особено ако е комбиниран со Мајчина душица, Рузмарин и Жалфија. Со први симптоми на настинка, може да се пие наместо вода, со сок од лимон и засладен со мед.
Лук и кромид против вируси
Лукот е најдобар природен антибиотик меѓу зеленчукот; неговите состојки се меѓу најдобрите за уништување на бактерии и вируси, за јакнење на имунитет и намалување на лдл холестерол во крвта, како и против хипертензија.
Еукалиптус
Има делотворни состојки против вирусни инфекции!
Есенцијалното масло е добро за инхалации против настинки, како и за масажа на грб и граден кош кај респираторни инфекции!
Рецепт за масло за масажа: мешаме 125 мл масло од Бадем, 20 капки есенцијално масло Еукалиптус, 20 капки масло Лаванда, 5 капки есенцијално масло Нане; сипаме во шишенца. За 1 масажа доволно е 1 кафена лажица масло!
Печурки
Одлично антивирусно дејство имаат Реиши, Шитаке и Маитаке габи!
Му помагаат на организмот да создава Интерферон – основна материја за борба против вируси!!
Сок од Реиши печурки го стимулира имуносистемот, чисти организам од отрови, делува против бактерии и вируси, регенерира клетки и на организмот му враќа рамнотежа.
Сите наведени својства се потврдени со научни истражувања во САД. Редовно користење спречува развој на вируси и инфекции.
Маслинка
Содржи т.н. Енолна киселина која спречува создавање на ензими кои на вирусите им се потребни за продирање во здравите клетки. Со успорување на множење на вирусите, супстанците од листот на маслинка на организмот му даваат време да тргне во одбрана.
Не е добро истовремено да се користи со антибиотици!
Мачкина канџа против вируси
Uncaria tomentosa – меѓу другото, има способност да уништува вируси и да ублажува воспаленија. Потикнува создавање на лимфоцити, како и зајакнување на нивната активност. Оваа билка не смее да се комбинира со млечни производи, да не ја користат трудници, доилки и деца!
Мандарина
Богата е со витамин А, Ц и Б, а има и Фолна киселина, Биофлавоноиди и Селен. Содржи многу витамин Ц кој помага во опоравок на организмот од заболувања, а витаминот А ќе го одстрани остатокот од воспалението!
При настинки, исцедете мандарина, додајте 1 кафена лажица сок од лимон и 1 кафена лажица мед!
Жалфија
Се користи чај, тинктура и етерично масло. За внатрешна употреба, 1 супена лажица Жалфија се вари 3-4 мин. во 2,5 дл вода, а за надворешна употреба (испирање, дезинфекција) не се вари – стои 30 мин во врела вода, се процедува и се испира неколку пати на ден.
Тимијан против вируси
Зачинска билка, со јака миризба. Содржи етерично масло и Тхимол – исфрлуваат шлајм. Најдобро е грлото да се испира со чај од Тимијан.
Див слез
Против воспаление на слузокожа во уста и грклан. Испираме уста со чај од лист или цвет.
Тегавец
Богат е со материи кои помагаат исфрлање на шлајм.
Против настинка и грип
да се јаде што повеќе свежо овошје и зеленчук (внес на природен Ц витамин!), движење на свеж воздух, одмор и спиење 7-8 ч. на ден.
Со први симптоми на настинка – чај од цвет Липа, со мед и лимон!!
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови