Астма е хронично заболување на дишните патишта, предизвикано од преосетливост на надворешни влијанија.
Симптоми
Отежнато дишење, кашлање и тегоби, со свирење во гради (најчесто рано наутро и ноќе).
Астма – причинители
Надворешни причинители се:
- Аерозагадување,
- глобално загревање,
- климатски промени,
- урбанизација,
- алергени и
- полен во воздухот.
Внатрешни причинители се:
Терапија
Инхалаторна терапија е поприфатлива, од билките најдобри се Подбел, Плуќниче, Дивизма, бел Слез, Оман…
Народни медицина – рецепти:
Полесни форми на Астма:
а) по 1 супена лажица ситно сецкан цвет и лист Подбел, Плуќниче и Добричица; стојат 2 ч. во 7 дл врела вода, се процедува и се засладува со багремов мед.
Се пие 5 дена, по 2 дл пред и по јадење.
б) во 7 дл врела вода ставаме по 1 супена лажица ситно сецкан лист Тегавец, и цветови Багрем и Дивизма; исто како а), по 1 дл пред и по јадење.
За исфрлање слуз:
а) во 7 дл врела вода по 1 супена лажица цвет Багрем и корен Оман (Inula Helenium L.); по 2 ч. се процедува. По 2 дл пред јадење.
б) по 1 супена лажица ситно сецкан лист Тегавец, лист и цвет Бозел и Вероника, и корен од Оман; стои 2 ч. во 0,7 л. врела вода, се процедува. По 2 дл пред јадење.
в) по 1 супена лажица лист и цвет Плуќниче и Подбел и зрел плод Клека; стои 2 ч. во 7 дл врела вода, се процедува. Се засладува со багремов мед. На секои 2 ч. се зема по 1 супена лажица, 5 дена.
г) по 1 супена лажица ситно сецкан цвет Дивизма и корен од Оман, 2 супени лажици лист и цвет Подбел, стојат 2 ч. во 7 дл врела вода, се процедува и се засладува со багремов мед; по 2 дл чај пред оброк.
Спречување на астматичен напад:
а) дробиме по 1 супена лажица лист и цвет Плуќниче, лист Тегавец, цвет од Дивизма, Багрем и Бозел и 2 супени лажици корен од Оман; стојат 90 мин. во 1,4 л. врела вода, процедуваме. По 2 дл чај пред и по јадење.
б) 4 супени лажици ситно рендана црна Ротква и 5 сушени лажици ситно рендан корен од Рен во 1 л. врело вино. По 2 ч. се процедува, се засладува со 2 супени лажици багремов мед, се пие 5 дена, по 1 дл на секои 2 саата.
в) мешаме по 1 супена лажица ситно сецкан цвет Бозел, лист и цвет Плуќниче, Бел Слез и Очајница (Marrubium vulgare L.), стои 2 часа во 7 дл врело бело вино. Се процедува и се засладува со багремов мед. Се зима на секои 2 часа по 1 дл, 5 дена.
г) 3 супени лажици ситно сецкан корен Линцура и 1 супена лажица ситно сецкан корен Коприва стојат 4 часа во 7 дл врела вода, се процедува и се засладува со багремов мед. Се зема 5 дена, на секои 2 часа по 1 дл.
Астма – совети за исхрана
Да се намали внес на месо; да се јадат млечни производи и зеленчук.
Да се јаде Кромид – инхибира создавање на соединенија кои предизвикуваат спазам кај бронхијалните мускули!!
Да се мириса свежо сомелено кафе и да се пие кафе!
- Ситно сецкан лист и цвет Подбел, корен од Бел Слез, цвет и лист Дивизма (Lopen – Verbascum thapsiforme); 1 супена лажица смеса 15 мин. во 3,5 дл врела вода, се процедува. Се додава 1 кафена лажица мед и сок од ¼ лимон. Се пие топло, во мали голтки цел ден.
- По 3 супени лажици Оман и корен од Гавез и по 4 супени лажици Мајчина душица и Кучешка трева (како 1).
Астма – народен рецепт:
а) по 3 чаши рендан Рен/Јаболков оцет/650 гр. Мед; ренот се вари да омекне, се додава 650 гр. Мед и 3 чаши јаболков оцет. Се зема по 1 супена лажица пред оброк.
б) 4 супени лажици наструган Рен се вари во 250 мл. јаболков оцет, се процедува и се додава 250 гр. Мед; се зема по 1 супена лажица наутро и навечер.
Астма и искашлување – народен рецепт:
1 црна (сточна) Тиква – се сече од горе капак и се вадат семките; тиквата се полни со 1/1 смеса од сомелен цел лимон и мед. Се става капакот и се остава да стои 46-60 часа. Се вади сокот, мекиот дел се вади со лажица и се пасира и се меша со сокот.
Се зима по 1 супена лажица, 3 пати на ден.
Проширен бел дроб кај Бронхијална астма (исфрлање шлајм)
Алкохолатура од цела билка Драгољуб без корен; на 100 мл 96% алкохол се става 1 супена лажица горен дел сосе лист Драгољуб; стои 8 дена со проматување. Се процедува. Се зема 2-3 пати на ден по 1 кафена лажица разредено со малку вода.
- Пржиме 300 гр шеќер да зарумени, додаваме 9 супени лажици мед и 3 поголеми главици ситно сецкан лук, ставаме 1,5 л. вода и оставаме да крчка на тивко течноста да спадне на пола. Оставаме да се пролади 45 мин., процедуваме во шишиња. Се зема 3 пати по 1 супена лажица пред јадење.
АЛКОХОЛ И ТУТУН НЕ!
- 1 супена лажица Хмељ вариме во 1 дл вино и 1 дл вода, се пие во голтки.
- Гмечиме 1 кафена лажица ситно сецкан Лук и го ставаме во уста – не се голта – вдишуваме, задржуваме здив 2-3 сек и издишуваме на нос; така 5 мин!
Ставаме пак 1 кафена лажица ситно сецкан Лук и пак истото – 5 мин., додека да стигнеме до вкупно 20 мин третман! На крај лукот го јадеме со малку интегрален леб.
Ова се прави секоја вечер, во траење од 5-6 недели.
- Во ½ супена лажица Мед ставаме 4 капки лук и се јаде; потоа пиеме 1 дл чај од цвет Анис и Подбел; 40 дена.
- Астма и слаби црева: во 0,5 л вода 10 мин. вариме 2 супени лажици Анис, се дели на 3 чаши за 1 ден.
- Во тенџере ставаме 4 супени лажици нарендан Рен и налеваме вински оцет да го прекрие 4 см; се вари за да омекне Ренот, процедуваме и додаваме исто толкаво количество Мед. Вариме на тивко да згусне и го додаваме варениот Рен, и чекаме да проврие. Мешаме и по 20 мин. ладење сипаме во тегла. Се зима наутро и навечер по 1 кафена лажица.
- Пред спиење во чинија се става малку смола од Бор и со тоа се намирисува спалната соба.
Во продолжение уште неколку совети:
- Лонец од 1 л. полниме до пола со млад лист Коприва; додаваме 2 супени лажици Кантарион и 2 кафени лажици Нане, и вариме 2-3 мин. во 7 дл вода. По 30 мин. процедуваме. Чајот се дели на 3 чаши во 1 ден.
По 45 дена пациентот кашла, белиот дроб се чисти и 8-та недела се се смирува!
- 1 супена лажица ситно сецкан корен од Оман прелеваме со 2 дл врела вода, по 30 мин. процедуваме. Се засладува со Мед и се пие секои 2 ч. по малку.
- смеса од по 20 гр. Ајдучица, Изоп, Подбел, Маточина, цвет Црн Слез; 3 супени лажици смеса стојат 2 ч. во 0,5 л. врела вода. Процедуваме, се пие во голтки цел ден.
- Мешаме по 25 гр. Росопас, Подбел, плод Пасидрен и Петровец; стои 30 мин. во 0,5 л. врела вода, процедуваме и делиме на 3 чаши за во 1 ден, 30 мин. пред јадење.
- Кафе пред или при почеток на напад на Астма, болниот да дише арома од сварено кафе – ги грее дишните патишта, кои при напад се стеснуваат! Ако не е изводливо, тогаш сирово кафе во зрна! Треба да се напушти загушливо и прашливо место, болниот да се однесе на чист – но не и ладен воздух – и тој знае да иницира напад на астма! Прија туширање со топла вода.
- Масло од Еукалиптус е одлично! Исто и сок од Босилек со Мед!
Астматичарот треба да е смирен да вдишува на нос, да издишува на уста. Веднаш се оди на лекар или се повикува амбуланта!
- Миеме 100 гр. свежи цветови Подбел и ги мелеме на машина за месо; ги сипаме во тегла со Мед и со миксер ја изедначуваме смесата. Се зема по 1 кафена лажица наутро и навечер; се чува на 21 степен.
- 1 кафена лажица осушен Копитњак во 2 дл врела вода, по 10 мин. се процедува и се пие по малку.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови