Билни рецепти за бронхитис се добро познати и применувани од страна на нашите претци.

Ви претставуваме неколку билни рецепти за бронхитис:

За брнохитис:

Мешаме по 100 гр Подбел, Оман и Плуќњак; 3 рамни супени лажици смеса стојат 30 мин. во 0,7 дл врела вода, процедуваме. Се пие по 1/3 (230 мл) од спремениот чај, 30 мин. пред оброците, со мед и лимон. На граден кош ставаме облоги од Кантарион покриено со волнен шал, 4 недели.

Plucnak-bilni-recepti-za-bronhitis
ПЛУЌНАК

За акутен бронхит:

1 кг лимон сецкаме на половинки – кришки;  ситно сецкани 10 главици Лук и со миксање умешуваме 1 кг мед. Стои во тегла 7 дена. Се зема 1-1,5 супена лажица, 1 пат на ден.

За хроничен Бронхит:   

Смеса од по 2 супени лажици сув и ситно сецкан лист и цвет Плучњак и Ајдучица, и 1 супена лажица цвет Босилек; стои 90 мин. во 1,5 л врела вода, процедуваме. Се пие по 1,5 дл чај со мед и лимон пред и по секој оброк. Друга опција е да мешаме по 30 гр лист и цвет Бел Слез и цвет Трендавиље и 10 гр трева Ден и Ноќ;  1 супена лажица смеса 10 мин. во 2 дл врела вода, се процедува. Се пие со мед и лимон. Трета опција е смеса од по 25 гр корен од Бел Слез, црн Гавез и Иџирот и 10 гр Дивизма и Подбел и 5 гр Анис. Исто како претходното.

cvet-trendavilje-bilni-recepti-za-bronhitis
ЦВЕТ ТРЕНДАВИЉЕ

За бронхит и грип:

3 ситно сецкани листа Ловор прелеваме со 2,5 дл вода и загреваме до вриење; крчкаме 10 мин. и по 15 мин. стоење процедуваме. Додаваме по 1 супена лажица сок од Лимон и мед. Се пијат 3 вакви чаши на ден.  

Мешаме 100 гр сок од црна Ротква и 200 гр мед; се зема по 1 супена лажица 30 мин. пред јадење.    

250 гр Жалфија и 10 листа Ловор вариме во 1 л вода додека не спадне на 0,8 л, потоа додаваме 0,5 кг жолт шеќер и 5 лимона исецкани во кришки сосе корка. Вариме 7-8 мин и оставаме 20 мин. да остине. Процедуваме и додаваме 3 супени лажици мед. Се пие по 50 мл наутро и навечер.      

Чај за Грип: 1 супена лажица сув плод Шипка прелеваме со 2 дл врела вода, стои 30 мин. и процедуваме. Додаваме ½ кафена лажица Цимет, 1 кафена лажица мед и сок од лимон.      

За бронхит и кашлица:

25 гр Сладок корен, 20 гр Бел Слез, по 10 гр лист Бел Слез, Црн Слез, Лопен, Мајчина Душица, Подбел и 5 гр сладок Анасон; 1 супена лажица смеса во 2,5 дл врела вода, мешаме полека 30 мин., се процедува и се засладува со мед, 1 кафена лажица сок од лимон, се пијат 3 вакви чаши на ден.

crn-slez-bilni-recepti-za-bronhitis
ЦРН СЛЕЗ

За бронхит и астма:

250 гр Жалфија и 10 Ловорови листа вариме во 1 л вода додека не спадне на 0,8 л, потоа додаваме 0,5 кг жолт шеќер и 5 лимона исецкани во кришки сосе корка. Вариме 7-8 мин. и оставаме 20 мин. да остине. Процедуваме и додаваме 3 супени лажици мед. Се пие по 50 мл наутро и навечер.           

За исфрлање на слуз од бели дробови

За деца и возрасни: во 250 мл загреана вода растопуваме 250 гр шеќер, додаваме по 1 супена лажица Жалфија, Ленено семе, Бел Слез, 1 лимон во кришки и оставаме да крчка 15 мин. Се проладува 5 мин, се процедува и се чува во шише во фрижидер. Се пие 3 пати на ден по 1 супена лажица, додека се смири кашлицата. 

За исфрлање секрет од дишни патишта

Во 1 дл загреано сончогледово масло пропржуваме ситно сецкана 1 главица кромид; се зема секое утро по 1 кафена лажица пред јадење (помага и облоаг од ленена крпа со сончогледово масло покриена со најлон, да стои цела ноќ).    

За воспаление на хранопровод

Во 7 дл врела вода ставаме 2 супени лажици ситно сецкан лист и цвет црвен Кантарион, лист Нане и Коприва;  по 2 часа процедуваме, се пијат по 2 дл пред јадење, 4 дена.

Crven-kanarion-bilni-recepti-za-bronhitis
ЦРВЕН КАНТАРИОН

За исфрлање на шлајм од бели дробови и синуси:

По 300 гр Рен и Ѓумбир, 40 чешниња Лук: Миксаме во блендер и мешаме со 1 кг мед. По 1 супена лажица наутро и навечер.           

Веруваме дека правилна примена на некои од овие билни рецепти за бронхитис ќе донесат корист и бенефит за здравјето на корисникот.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови