Ви ги препорачуваме следните билни рецепти кога патите од кашлица:
Кај блага кашлица и надразнето грло
Вариме 250 мл млеко, по 3-4 мин. додаваме по 1 супена лажица путер и мед – се пие во рок од 3-4 мин.
Билни рецепти кај кашлица – последица од пушење или бронхит
- 1 кг мед, 100 гр мелено семе Лен, 20 гр семе Анасон, 10 гр црн Синап, 1 кафена лажица Цимет, 10 мл Прополис;
Пред јадење, кај деца: 3 пати по 1 кафена лажица, за возрасни: 3 пати по 1 супена лажица - Сируп од Морков и мед: чистиме и сечеме на тркалца ½ кг морков, додаваме вода да ги покрие и вариме да омекнат; морковот се пасира со вилушка, а во водата додаваме 4 супени лажици мед, го ставаме пасираниот морков и се добро промешуваме. Се земаат 3-4 кафени лажици на ден. Се чува во тегла во фрижидер.
- Мед од Глуварче: 250 гр цвет Глуварче, 2 цели лимони и 1 цел портокал исецкани на коцки, се тоа се вари 2 ч во 1 л вода; се процедува и чајот се вари уште 30 мин. Додаваме 1 кг шеќер и вариме да се постигне густина на мед. Се зема 3 пати по 1 супена лажица на ден, се чува во тегли.
Боров сируп против кашлица
Шест супени лажици суви борови иглички и/или пупки, се варат 2 мин во 1 л вода и стои 8 ч да се олади. Се процедува и пак се загрева до вриење, ставаме 0,5 кг кафен шеќер и мешаме добро, крчка уште 35-40 мин. Се трга од оган, по 45 мин. се додава 0,5 кг Боров мед.
За полесно дишење
- Мед, ублажува воспалителни процеси, поволно делува на слузокожа на дишни органи! На пр. во комбинација со чај од Мајчина душица
- Ситно сецкани 2 поголеми главици кромид, пропржуваме со 300 гр карамелизиран шеќер, сипаме 1,5 л. вода и мешаме. Крчкаме течноста да спадне на пола, се процедува и мешаме со 9 супени лажици мед. Сипаме во тегли, по 20 мин. ги ставаме во фрижидер. Се зема 3 пати по 1 супена лажица пред главни оброци!!
Кај сува кашлица
- 1/1 сок од црвен кромид и мед, по 1 кафена лажица пред оброци и пред спиење!
- Смеса: 4 гр. лист Подбел и по 30 гр. женски Тегавец и Сладок корен; 1 супена лажица стои 8 ч. во 2 дл врела вода, процедуваме. Се пијат 2 чаши на ден, во голтки.
- По 6 гр. корен од Бел Слез и Сладок корен и по 2 гр. плод Анис, пупки од Бор и сува Жалфија; 1 супена лажица смеса стои 30 мин. во 3 дл врела вода (или се вари на тивко 12-15 мин.), се процедува. Се зема по 2 супени лажици, 3-5 пати на ден, пред оброк.
Кај кашлица со густ секрет
- 50 гр. иситнети борови пупки стојат 2,5 ч во 0,5 л. врела вода; процедуваме и умешуваме 1 супена лажица мед. Се зема 5-6 пати по 1 супена лажица пред јадење.
- Смеса од по 4 гр. суво Велигденче, цвет Молон и по 2 гр. цвет Бозел, Липа и Подбел и корен од Пиреј; 2 супени лажици смеса стојат 6 ч. во 3 дл врела вода, се процедува. Се пие по 60 мл, 5 пати на ден, пред јадење.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови