Лукума или на латински Pouteria lucuma е суптропско овошје, со потекло од Перу.
Опис, својства и состав
Лукума е одличен засладувач, содржи калиум, натриум, калциум, магнезиум, фосфор и др. хранливи елементи. Фосфорот е важен за формирање на коски и заби, за варење и за рамнотежа на хормони. Одлично функционира со калциум (исто така важен за коските).
Едно лажиче прав од лукума содржи 2% од препорачаното дневно количество на железо и така позитивно влијае во стимулација на имунитет и физичка издржливост! Содржи и Ниацин кој урамнотежува ниво на холестерол и триглицериди.
Носи име ,,злато на инките“ поради нутритивните вредности!
Здравствена корисност на Лукума
Редовно користење на лукума стабилизира шеќер и крвен притисок! Плодот има низок гликемиски индекс. Обезбедува долготрајна енергија и тоа без скокови на инсулин во организмот! Погодна е за спортисти и сите кои сакаат здрави шеќери; природна е алтернатива на белиот шеќер и други засладувачи. Погоден е за јогурти, напитоци, колачи и други јадења.
Од него се прави надалеку прочуениот сладолед!
Забрзува зараснување на рани – потикнува регенерација на ткиво; има анти-габично и антибиотско дејство, како и силно анти-воспалително дејство, добра е за сите кожни заболувања и инфекции.
Во народната медицина се користи како тоник за поубав тен, за блескава и чиста кожа, без брчки и оштетувања. Содржи многу бета-каротен и благотворно ја штити кожата од стареење и зрачење. Спречува и разни болести, вклучувајќи и малигни заболувања на кожа.
Помага во слабеење затоа што има низок гликемиски индекс; богата е со влакна и благотворно делува на варење и за чистење токсини. Делотворна е против затвор, подуеност, гасови, нередовна и болна столица!
Добра е и за особи алергични на глутен – не содржи нетолерантен протеин!
Лукума е универзално применлив и здрав засладувач за торти, пити и колачи или друго јадење со сладок вкус.
Сладолед од Лукума
Состојки:
По 1,5 чаша сиров индиски орев натопен во вода, ½ чаша кокосово масло, ½ чаша органски прав од Лукума, 1/3 чаша нектар од Агава, ванилија, 1,5 лажиче лушпи Псилиум, 100 мл вода, ½ чаша маца прав, хималајска сол (по желба).
Подготовка:
Сите состојки заедно се блендираат додека да се добие густа кремаста смеса. Се става во сад и се замрзнува додека да се добие сладолед. Не е потребна машина за сладолед, но ако ја имате, можете да ја користите.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови