Инконтиненција е поим кој означува итна потреба за мокрење.

Причини за инконтиненција

Најчеста причина за инконтиненција е инфекција на мочни канали.

Ако се јави по кашлање, кивање, смеење или дигање терет, се работи за таканаречена Стрес – инконтиненција, која се јавува поради ослабен мускул на карличното дно кој го потпира мочниот меур (бешика) и ја затвара уретрата.

Кај жени, мускулите слабеат при бременост или по породување, а и поради само стареење на телото. Некои жени имаат слаба контрола на мокрење од хормонални промени во менопауза.

Кај мажи, инконтиненција се јавува поради проблеми со простата. Прекумерна тежина, пушење, опстипација, кафе и алкохол ја влошуваат состојбата.

Инконтиненција се јавува и од некои невролошки заболувања како што е Алцхајмерова болест. Се прави лабораториска анализа за да се исклучи инфекција на бешика или на уринарен тракт и крв во урина. Добро е да се води запис на внесени течности и измокрена урина, зачестеност на мокрење.

Во случај на повреди на глава, рбетен мозок, Паркинсон и слични заболувања, треба да се утврди кои се невролошките симптоми и менталната состојба на пациентот.

Во борбата со инконтиненција освен основна терапија, се користат и билни препарати:   

Рецепт бр. 1:

Се мешаат еднакви делови на Ајдучица, Русомача и Вирок. 3 супени лажици смеса се оства 30 мин. во 7 дл. врела вода, процедуваме. Се пие во голтки цел ден. 

Рецепт бр. 2:

Се мешаат 50 гр. Вирок, по 25 гр. Коњско опавче и Русомача. Се подготвува на ист начин како претходниот.

Рецепт бр. 3:  

1 кафена лажичка Вирок, се остава 30 мин во 2 дл врела вода, процедуваме. Се пијат 3 вакви чаши на ден.    

Препораки кај инконтиненција

Пожелно е да се пие 1,5 литар течност (сокови и вода) на ден. Еднаш дневно да се пие 1,5 дл млака вода со растопена сода бикарбона.

Кафе да се пие 1-2 пати на ден, 60 мин. по јадење, со 1 чаша вода. Да се пие лимонада, цедени сокови и алкална вода.

Никотин да се избегнува бидејќи поттикнува кашлање и провоцира мокрење. Да се избегнуваат вештачки засладувачи и газирани пијалоци (ЦО2), ја иритираат бешиката.

Алкохолот е диуретик, треба да се избегнува!                                                                                  

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови