Чаеви против кашлица се користат во текот на цела година, но повеќе се застапени во нашето секојдневие во зимскиот период. Скоро секој од нас во животот имал потреба да се напие некој природен чај да би си ја „стоплил душата“.
Некои чаеви против кашлица кои ги препорачуваме
Чај од КРОМИД
Миеме 3 средно големи главици Кромид сосе лушпа, ги сечеме на 4 дела; се вари во 1 л вода додека не спадне на 0,7 л; процедуваме.
Се засладува малку со мед и се пие во голтки цел ден.
Чај од ПОРТОКАЛ
Миеме 1 портокал и го сечеме на коцки, додаваме 2 супени лажици шеќер и 1 л вода; вариме 30 мин. за да згусне.
Се зема по 1 супена лажица сируп при напад на сува кашлица.
Чај од ЖАЛФИЈА
Во 250 мл зовриено млеко ставаме ½ кафена лажица сув лист Жалфија и крчкаме 3 мин.; го тргаме од рингла, додаваме 1 супена лажица свинска маст и ½ кафена лажица сода бикарбона. Мешаме добро.
Се пие во голтки, 2-3 чаши на ден, секогаш свежо направен напиток.
За воспалено грло и крајници: Чај од Жалфија!
БОРОВ чај
1 кг млади шишарки Бор се варат 12-15 мин. во 4 л вода; делиме 1 л со процедување и по 30 мин додаваме 1 кг мед и 1 супена лажица 30% Прополис.
Се зема по 1 супена лажица 20 мин. пред јадење.
Комбинирани чаеви против кашлица
Мешаме по 1 супена лажица Гавез, Мајчина Душица, Плуќњак, корен од Бел Слез, цвет Подбел и Дивизма; сето стои 2 ч во 0,5 л врела вода. Се процедува и се засладува со 1 супена лажица мед.
Се зема по 1 супена лажица секој саат!
Еден чај на ден скоро секогаш е добредојден на нашиот организам.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови