Билни рецепти за воспалено грло се едни од најчесто користените во народната медицина.

Билни рецепти за воспалено грло кои ви ги препорачуваме се:

Билен рецепт број 1

80 сомелени семки Ким се прелеваат со 2,5 дл вода, се варат 15 мин. и се добива растеглива маса. Процедуваме и додаваме 50 мл вода, и грееме до вриење. Тргаме од оган и додаваме 1 супена лажица јака ракија.

Се зема секои 30 мин. по 1 супена лажица смеса!
Болката се намалува за 2 часа!

Билен рецепт број 2

Чај за Ангина: 2 супени лажици Бетоника крчкаат 2 мин. во 0,5 л. врела вода, стои 10 мин. да се олади и се процедува.

Се пие во голтки цел ден.

Билен рецепт број 3

40 млади ореви ги миеме и ги сецкаме на 4 дела; ги ставаме во тегла од 3 л., ставаме 25 гр ситно сецкан корен од црн Гавез и 20 супени лажици шеќер; покриваме со газа.
Теглата стои на топло 10 дена.
Се додаваат 0,5 кг мед, се меша и се остава да отстои 30 дена.
Потоа до врв на теглата наливаме јака Комовица, па отстојува 30 дена.

Пред употреба, се разблажува со вода 1/1 или на коцка интегрален леб ставаме 10 капки.

Билен рецепт број 4

Наменет за Фарингитис: се прави гаргара со чај од ситно сецкан лист Ајдучица и цвет Бозел, потоа чајот се пие.

Сега кога се запознавте или потсетивте со некои билни рецепти за воспалено грло останува на вас да ги примените кога ќе се соочите со овој здравствен предизвик.

Препорачуваме да се користи и прополис. Сите производи кои се во некаква врска со ПЧЕЛАРСТВО да се купуваат од проверени пчелари. Такви постојат во Македонија, прошетајте по убавите планински предели на нашата земја за да запознаете некој. Секако дека може да добиете некоја препорака за ПЧЕЛАР ОД ДОВЕРБА.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови