Колитис – причини и симптоми

Колитис претставува воспаление на долниот дел на дебелото црево. Разни инфекции предизвикани од вируси, паразити или од труење со храна, како и недостаток на проток на крв и зрачење на цревата можат да го предизвикаат ова заболување.

Причината за Колитис го дава и смерот на лечење. Често се доволни диети на база на течности. При потешки форми, неопходно е медицинско лечење.

Симптоми на колитис се следните: болка во стомак со подуеност, крв во столица, тресење, непотполно празнење на црева, дехидрација, лошо варење со подување и со гасови, понекогаш и тврда столица.

Потребно е да се има во предвид дека, крв во столица не е симптом само на Колитис, туку и на рак на дебело црево. Одете на лекар итно!

Природни помошни средства кај Колитис:

Семки од Лен

2 лажици семе од лен оставете 12 часа во чаша вода, потоа се пие.

Оризова вода

Во сад ставаме пола шоља ориз и три чаши вода, загреваме и оставаме да врие тивко 20-тина минути. Потоа се процедува и се пие.

Вода од Зелка

Неколку лисја зелка вариме во вода 10-тина мин. Оставете да се олади и испијте ја водата. Се пие и сок од зелка исцеден во соковник, по 1 дл 4 пати на ден, до престанок на симптомите. Сок од зелка во фрижидер трае максимум 3 дена. Често се случува сокот да помогне за само 7 дена.

Банани кај Колитис

Одлично помошно средство. Меки се и лесно се варат. Ублажуваат симптоми на Колитис и забрзуваат процес на оздравување. Доволни се 1-2 банани на ден. Добро е со бананите да се пие и јогурт, содржи пробиотици кои ја обновуваат цревната флора.

Чај од Камилица

Има антивоспалително дејство и помага против воспаление на дебело црево.

Сокови кај Колитис

Пијте сокови од Морков и од Алое Вера.

Во исхраната вклучете Јаболка и Папаја. Јаболката содржат Пектин, хранлива материја која го помага варењето на храната. Папаја содржи ензим Папаин кој го подобрува варењето.

Облоги за ублажување на Колитис (надворешна употреба)

Облоги од Јаболков оцет:
Болки од Колитис се намалуваат ако на стомак ставите крпа натопена во јаболков оцет. Ставете фолија и оставете да делува 4 часа.

Облоги од Рицинусово масло:
Pопрскајте крпа со рицинусово масло, ставете на стомак и одозгора алу-фолија и шише со топла вода. Треба да стои 2 часа.

Ако облогите ги чувате во фрижидер, може да се користат 15-тина дена.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови