Алга Спирулина
Спирулина е мала синозелена слатководна алга стара над 3 милијарди години. Алгата го добила името по спиралната форма на билката. Богата е со протеини, минерали и други хранливи материи.
Најпопуларни се два вида: spirulina maxima и spirulina platensis.
Спирулината содржи преку 60 % белковини, 18 аминокиселини, витамини А, Ц, Д, Е и Б; богата е со Б12 и затоа помага во развој на здрав нервен систем и во метаболизам на секоја клетка.
Од минералите содржи калиум, калциум (3 пати повеќе од млеко), магнезиум, железо, натриум, фосфор, цинк и селен. Една дневна доза на спирулина содржи повеќе железо од 2 чаши спанаќ.
Богата е со хлорофил кој помага за добра крвна слика, ја урамнотежува ПХ вредноста (киселост) на организмот, помага во исфрлање на токсини од организмот.
Спирулина – лековити својства
Богата е со бета каротен, 10 пати побогата од морков. Бета каротен е најефикасен нутриент во борба со слободни радикали, кои ги оштетуваат клетките, забрзуваат стареење и зголемуваат ризик од рак.
Богата е со белковини, содржи повеќе протеини од месо.
Затоа ја користат вегани и вегетаријанци.
Спирулината е богата и со Зеаксантин кој е силен антиоксиданс и има 8 пати посилно дејство од бета каротен. Зеаксантинот го штити нервниот систем, мозокот и очите.
Спирулината е ефикасна и против труење со тешки метали. Засебе ги врзува тешките метали, а потоа ги исфрла од организмот. Има силно детокс дејство, затоа е користена во Советскиот сојуз по Чернобилската катастрофа.
Корисна е затоа што намалува чувство на глад и намалува ниво на холестерол. Забрзува метаболизам и одлично помага во слабеење, има малку калории.
Содржи Фенилаланин аминокиселина која стимулира лачење на Холецистокини, кој пак помага во намалување на апетит и го намалува чувството на глад. Спирулината е богата и со растителни влакна, а тоа помага подолго да бидеме сити.
Спирулината го штити панкреасот и клетките кои произведуваат Инсулин; така го стабилизира нивото на шеќер во крв и превенира дијабетес.
Спирулината блокира производство на Интерлеукин 4 кој учествува во појава на алергиски реакции.
Има анти-воспалително дејство и така превенира и лечи артритис и други воспалителни заболувања.
Штити и од штетно зрачење.
Препораки за користење
Спирулината зголемува енергија, иделана е за спортисти. Ублажува стрес, несоница, анксиозност и депресија.
Безбедна е за деца, трудници и доилки.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови