Уредна и редовна столица е предизвик за сите нас.
Дигестивен систем – одговорен за уредна и редовна столица
Проблеми со варење т.е. со уредна и редовна столица можат да се јават од многу мрсна или презачинета храна, од иритирачки средства (кафе, алкохол), од емоционална возбуденост, но и во постари години, предизвикувајќи подување, пречки и замор. Дигестивниот систем ја разложува храната во смеса на едноставни материи, ги извлекува корисните состојки, а остатокот го исфрла.
Системот за дигестија на храна се состои од усна шуплина, заби, јазик, ждрело, хранопроводник, желудник, 12-то палaчно црево, црн дроб, жолчна кеса, тенко и дебело црево.
Воспоставете ред – јадете секогаш во исто време. За да не добиете запек, пијте доволно течности.
Рецепти за подобрување на дигестија
Тоник за подобро варење
Сомелете во прав 15 гр сув корен од Глуварче и по 7,5 гр сув корен Срценица и Сладич, суво семе од Анис и корен од Ѓумбир. Ставете во 1,5 л шише со широко грло и сипете овошна ракија или комовица до врв. Стои на топло и темно место 2 недели, со секојдневно проматување. Процедете низ 4-слоја газа.
Тоникот е горчлив. Се чува во стаклено шише на ладно и темно место.Трае до 3 години.
Се зема ½ лажиче со 60 мл жешка вода, 15 минути пред оброк. Поттикнува лачење на желудечни сокови.
Чај за подобро варење
Во 2,5 дл вода варете 5 минути на тивко 1 лажиче свеж корен од Ѓумбир и ½ лажиче семки од Анис. Тргнете го од огин и ставете ½ лажиче суво Нане. Оставете поклопено 10 мин. и процедете. Се пие многу топол, по желба со малку мед.
Пролив
Особено е опасен кај постари луѓе и деца. Ако трае подолго од 2 дена, одете на лекар. Најчесто помага диетална исхрана.
Рецепти против пролив
Чај од Камилица
Пијте 3-4 чаши чај на ден, во голтки. На бебиња се дава исклучиво чај од Камилица! Навечер можете да ставите облоги т.н. перничиња од Камилица на долниот дел од стомакот.
Чај од Дабова корка
1 лажиче по можност свежа корка од Даб ставете во 2 чаши ладна вода. Загрејте до вриење, тргнете го од оган и по 5 мин. процедете.
Бобинки од Боровинки и суви Круши – јадете повеќе од овие плодови.
Горушица
Претставува печење под градната коска угоре кон ждрелото, поради враќање на кисела содржина од желудникот кон грлото. Најчесто е доволно да ја промените исхраната – избегнувајте пржена, зачинета и слатка храна, особено навечер.
Рецепти против Горушица
Чај против горушица
Во 0,5 л жешка вода ставете 5 гр смеса од еднакви делови на Жалфија, Пелин и Кантарион. Варете 30 секунди и тргнете го од оган. Процедете по 20 мин. и сипете во шише. Се пие 6 дена, по 50 мл на гладно, пред главните оброци.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови