Болки во Рбет – основна причина е неактивност на мускули, кои како последица на тоа ослабнуваат. Но, природата има начини да помогне!

Билки кои помагаат кај болки во рбет

Рецепт од Глина

Облога:
Измешајте 1 рака глина со оцет, по потреба и со малку вода, како тесто за леб. Умешајте и малку измелен лист коприва. Намачкајте со маслиново масло, смесата со глина ставете ја во крпа и потоа на зглоб. По 7-8 дена ставање облоги, болките сосем ќе стивнат.

Суви смокви, сливи и кајсии

Обновуваат клетки на ткиво на рбет! Направете чај од 5 суви сливи и по 1 кајсија и смоква. Многу помага кај болки во рбетот. Водата и овошките штом зовријат се тргаат од оган и се оставаат 2 саата. Напитокот се пие навечер.

Компир против болки во рбет

Компир е лек за болки во долниот дел на рбетот, а намалува и отоци. Опушта мускулатура и одстранува болки.

Зелка

Измијте 1-2 листа од зелка, одстранете тврди делови и поминете ги со сукалка. Намачкајте болно место со маслиново масло и ставете ги лисјата. Зацврстете со газа или завој.
Правете облоги на 3 саата, наутро и навечер, 7 дена. По пауза од 20 дена, може да се повтори терапијата.

Зелка и Глина – ефикасна комбинација

Умесете ½ кг глина со 1 л негазирана минерална вода и со 4 лажици јаболков оцет. Оставете 10 мин., потоа намачкајте врз болните места, одозгора ставете 1-2 листа зелка и оставете 12 ч.

Лук и сол против болки во рбет

Сомелете 10-на чешниња и посолете. Облога се става во тенок слој, 1 месец. Се покрива со газа и стои цела ноќ. Особено добро помага кај дискус-хернија.

Одлично помага и 4 чешниња лук во млеко. Се остава да зоврие, штом се олади се става 1 лажиче мед. Се пие секој ден, против ишијас. Се пие без ограничувања.

Корен од Ѓаволска канџа

Подеднакво е ефикасен како и некои нестероидни анти-инфламаторни лекови! Обновува рскавица и одстранува болки во рбет.
Зовријте 4 дл вода со 1 лажиче Ѓаволска канџа. Оставете на тивок оган уште 20 мин. Оставете да се олади и испијте го во рок од 20 мин. Се пијат 2-3 вакви дози на ден.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови