Дива Капина, (Оструга) или на латински Rubus caesius.

Опис, својства, состав, распространетост

Дива капина расте на запуштени земјишта, а се наоѓа и меѓу разни насади, покрај реки и поточиња. Најчесто се наоѓа на повлажни почви. Се размножува со семе, но најчест начин на размножување е со изданоци од корен и со ожилување на гранчиња кои допираат влажна почва.

Грмушката достигнува висина до 1,5 м. Гранките се ползечки, со овална форма, со трнливи стеблики. Лисјата се поделени на 3 режневи, со ланцети и шилци покриени со петелки долги околу 5-6 см. Рабовите се назабени, влакнести од двете страни, бојата е светло зелена. Цветовите се средно големи, чашките се јагодесто зелени, латиците се бели и широко елипсоидни. Плодовите се собрани во мали гроздови, бојата им е сино-сива.

Цветање на Дива капина

Многу долго цвета, од Мај до Септември! Дава високи приноси на мед и на полен! Дневен внес на мед е околу 3 кг по кошница. Медот е светло жолт и проѕирен и со одличен квалитет.

Корисност на Дива капина

Оструга (дива Капина) е отпорна на суша, коренот оди и до 1 м во длабина. Плодовите се јадат сирови, а можат да се користат и за правење пекмез, сируп и компот. Плодот е богат со витамин Ц, содржи и каротен, биофлавоноиди и витамин Е, корисни есенцијални киселини. Присуството на витамин Ц и железо обезбедува добро анти-оксидативно дејство. Богата е со растителни влакна.

Подобрува крвна слика, зголемува ниво на хемоглобин и железо во крв, а тоа овозможува поголем ниво и на црвени крвни зрнца. Трудници би требало да јадат (диви) капини – во бременост се случува да дојде до намалување на ниво на железо во крв.

Рецепти со Дива капина

Од млади лисја дива капина се прави лековит чај:
1 рамна лажица се попарува со 2 дл зовриена вода и по 10 мин. се процедува. За гаргара, се процедува по 15-20 мин. Помага против парадентоза, афти (ранички во уста), за зајакнување на непце и др.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови