Кај менструални болки природата може да помогне!

Со што се карактеризира менструалниот период

Менструалниот период знае да донесе тегоби – грчеви, обилно крварење, подуеност, главоболки, променливо расположение, мачнини, замор, болки во долниот дел на грбот, при што деновите ги поминувате склопчени во кревет.

Пробајте на друг начин.

Од исхраната исфрлете или намалете процесирана храна и колачи. Јадете намирници богати со Омега 3 масни киселини, кои ги има во семки од лен и чиа, јадете повеќе овошје и зеленчук.

Да одиме по ред.

Чаеви кај менструални болки

  • Чај и напиток од Грчко семе (пискавица): Билката покрај за менструални болки помага и за здравје на бубрези и црн дроб, како и намалување на вишок килограми. Ставете во чаша со вода семки од Пискавица да одстојат 12 саати. Потоа испијте ја течноста. Чај се прави на следниот начин: 2 лажичиња семки Пискавица попарете со 2 дл врела вода, варете 5 мин., оставете да се олади 10 мин., процедете и испијте го чајот.
  • Чај од Ѓумбир и црн бибер: Ѓумбир делува анти-воспалително и намалува ниво на Простагландин, а со тоа и болки и грчење на матка во тек на циклусот. Одстранува замор и помага во регулација на менструален циклус. Бибер помага варење и намалува болки во стомак. Сварете чај од парче Ѓумбир и додајте малку црн бибер. Се пие со малку мед.
  • Чај од Камилица: Делува како аналгетик (намалува болки). Релаксира матка и намалува производство на простагландин. 1 лажиче сув цвет попарете со 2 дл вревена вода. По 10 мин. процедете. Се пие засладено со мед.

Масажа, облоги и вежби кај менструални болки

  • Масажа со масло од Сусам: Помага против болни менструации. Маслото е богато со линоленска киселина и има анти-оксидативни и анти-воспалителни својства. Ставете на дланките малку масло од Сусам и масирајте го долниот дел од стомакот нежно, 15 минути.
  • Топли облоги: Топли облоги или загреан термофор релаксираат мускули и ублажуваат грчеви во матка. Топлината има исти ефекти како и Ибупрофен. Помага и топол туш!
  • Лесни вежби, длабоко дишење, медитација: Правете само полесни вежби и релаксација, ќе помогнат против болки и грчеви. Вежбање поттикнува отпуштање на Ендорфин, хормон кој помага неутрализирање на болки. Жени кои редовно вежбаат се помалку склони на болни менструации.

Помага и длабоко дишење

Седнете или легнете (при јаки болки) со затворени очи, ставете ги дланките на долниот дел од стомакот и почнете длабоко и полека да дишете. Се смирува и умот (духот), телото, а тоа ќе ги опушти и мускулите на матката. Завршете со кратка медитација или со седење во тишина.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани.