Лавја грива или на латински Hericium Erinaceus.
Опис и својства
Изгледот на оваа габа остава двосмислен впечаток, затоа во САД има две имиња, Лавја и Ежова грива.
Оваа габа е главна состојка на некои јадења. Но, има и извонредно корисно дејство на здравјето!
Крај на Септември и Октомври ќе забележите како расте на дрва кои умираат, на Дабово дрво најчесто.
Во некои земји се одгледува во контролирани услови, исти со тие во природата. Оваа габа е омилена во многу земји, Јапонија на пр., каде се користи во кулинарство, но и како лековита габа која лечи живци и подобрува мозочни функции.
Состав на Лавја грива
Содржи две главни состојки, hericenon i erinacin, кои поттикнуваат производство на фактор на невронска растеж (NGF). Овој фактор е белковина која игра битна улога за здравје и долговечност на неколку вида нервни клетки во средниот и периферниот нервен систем.
Овие активни состојки, поради ниската молекуларна тежина, лесно доспеваат од крвоток во мозок.
Научно е докажано дека Хериценони и Еринацини поттикнуваат обнова на нервни клетки.
Лавја грива содржи и дитерпеноиди, бета-Д-глукан, провитамин Д2 (Ергостерол), Хетеробетаглукан и други. Овие активни состојки не само што обновуваат неврони, туку и повторно ја изградуваат заштитната миелинска обвивка на нервните клетки. Ова овозможува нормална комуникација меѓу нервните клетки!
Затоа некои научници и ја препорачуваат оваа габа како терапија за Алцхајмерова болест, деменција, мултипла склероза и мускулна дистрофија.
Здравствена корисност
Влијание на Лавјата грива не се огледа само во позитивното дејство на когнитивните функции, туку и на афективните функции.
Во Јапонија е направено испитување и недвосмислено е утврдено дека кај пост-менопаузални жени кои јаделе печена Лавја грива имале многу помалку тескобност и депресија, како и зголемена способност за концентрација.
Оваа габа помага здраво варење, регулација на холестерол, намалува ниво на шеќер во крв, помага за убав изглед на кожа.
Позитивното дејство на системот за варење се должи на состојките бета-глукан-полисахариди. Овие полисахариди подобруваат функција на желудечна слузница, важен дел од системот за варење.
Дијабетичарите исто така имаат корист од оваа габа, намалува ниво на шеќер во крв, спречува диспепсија (состојба на нарушено варење, најчесто предизвикана од гастритис. Остава чувство на жигање, подригнување, абдоминална болка…). Смирува зголемена жед како типичен симптом на Дијабетес.
Лавовска грива содржи и Цијатан, кој помага лечење на чиреви и карцином на желудник и хранопровод.
Лавја грива поволно делува и на кожа, полисахаридите во неа поттикнуваат производство на антиоксидирачки ензими, затоа оваа габа е едно моќно средства против стареење.
Резиме на Лавја грива
Лавја грива помага терапија против Алцхајмерова болест, мултипла склероза и деменција, опсесивно-компулсивно пореметување, шизофренија, аутизам, анорексија, булимија, мускулна дистрофија, чир на желудник, гастритис и др. здравствени пореметувања.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови