Витамин П или Биофлавоноиди.

Општо за Витамин П

Витамин П не е витамин сам по себе. Се работи за група билни материи или фитонутриенти со слични својства како витамините, познати како (Био) Флавоноиди.

Флавоноиди се Полифенолни соединенија кои ги има во билките. Тие се нуспродукти и настануваат со метаболизам на билките.

Најмногу ги има во овошје и зеленчук со темни и јаки бои. Им даваат боја, мирис и вкус – флавоноидите ги штитат од габички и од бактерии и разни видови штетници и инсекти.

Врска помеѓу Флавоноидите и апсорпцијата на Витамин Ц

Витамин Ц е растворлив во вода и тешко минува низ клеткините мембрани. Намирниците кои се богати со витамин Ц (папаја, јагоди, прокељ, брокули) содржат и Флавоноиди кои поттикнуваат негова апсорпција во организмот.

Рак – превенција

Витамин П т.е. Флавоноидите спречуваат, но и ублажуваат веќе настанати последици од оксидативен стрес.

Со Кверцетин се богати црвен кромид, лук, брокула, јаболка, црвени цреши, бобичесто и цитрусно овошје, како и зачините: оригано, босилек, темјан и др. Дејството на Кврецетин се засилува ако се комбинира со екстракт од зелен чај (богат е со полифеноли Катехини).

Рутин и Катехин се особено делотворни против рак на јајници, меланом, рак на панкреас, тумори на мозок, рак на бели дробови, дојка и на простата.

Силно антиканцерогено дејство има и Куркумин. Особено ако се комбинира со Пиперин (го има во црн бибер).

Витамин П, заштита од воспаленија и брзо стареење

Флавоноидите штитат од воспалителни процеси и од предвремено стареење. Рутинот ги ублажува болките од воспалителни процеси и од ревматоиден артритис.

Познато е дека Ликопенот, кој го има во домати, спречува оксидативни оштетувања и спречува настанок на атеросклероза или зачепување на крвните садови. Рутин и Хесперидин ги зајакнуваат ѕидовите на крвните садови и спречуваат разградба на Колаген и Еластин. Така крвните садови и капилари ја зачувуваат црвстината и еластичноста.

Додавајте во јадењата оригано, рузмарин, лук, црн бибер и ѓумбир!

Витамин П и нервен систем

Флавоноидите штитат од дејството на слободни радикали и превенираат оштетувања, регенерираат нервни клетки. Храна богата со Флавоноиди го намалува ризикот од настанок на Алцхајмерова болест и други неуро-дегенеративни заболувања. Поттикнуваат проток на крв низ мозокот и ги зајакнуваат когнитивните функции.

Витамин П во исхраната

Јаболка, сливи, црвени цреши, црно и бело грозје, банани, киви, цитрусно овошје, боровинки, малини, капини, јагоди, лук, црвен кромид, магдонос, целер, домати, брокули, зелка, кељ, спанаќ, пиперки и лути пиперчиња, шпаргли, батат компир, бадеми, зелен и црн чај, куркума, рузмарин, оригано, цејлонски цимет, сирово какао.

Флавоноидите се во лушпата на овошјето и зеленчукот или малку под неа и гледајте да не ја одстранувате.

Намирници богати со Флавоноиди треба кратко термички да се обработуваат.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови