Цинк и Магнезиум се многу важни минерали за нашето здравје! Најголема концентрација има во мускулите и коските.
Општо за Цинк
Учествува во активност на повеќе од 300 ензими. Сите ткива во телото го содржат.
Улога во организмот
Неопходен е за добар имунитет, забрзува лечење од настинки и инфекции, зараснување на рани, помага во апсорпција на нутриенти и варење на храна, има силни антиоксидативни својства, помага здрава делба на клетки.
Цинкот ги балансира хормоните, зголемува плодност, намалува ризик од дијабетес, подобрува здравје на срце и крвни садови, помага превенција на дијареа.
Исто така, одржува здравје на црн дроб и вид, помага раст и обнова на мускули, намалува појава на акни.
Трудници и доилки
Цинкот е важен за правилен раст и правилна делба на клетки, така влијае на развојот на фетусот.
Симптоми на недостаток на Цинк во организмот
Опаѓање на коса, чести болки во грло и настинки, нерамнотежа на хормони, неплодност, појава на акни, слабо чувство на мирис и вкус, лоша состојба на кожа и коса, дигестивни тегоби.
Цинк во исхраната
Животински извори
Говедско месо, џигер, пилешко месо, риба.
Билни извори
Во билни извори спаѓаат:
Мехунарки:
- Тофу,
- темпех,
- црни и зелени зрнца соја,
- манго,
- грав,
- леблебија,
- леќа.
Лушпата на овие намирници содржи Фитати (намалуваат апсорпција на Цинк). Затоа пред да ги сварите, натопете ги во вода. Така се намалува ниво на фитати, а мехунарките стануваат и полесно сварливи.
Семки и орешести плодови:
- Семки од тиква и сончоглед,
- бадеми,
- ореви,
- семки од Чиа и
- семки од Коноп
За подобра апсорпција на Цинкот, семките и оревчињата може кратко да ги пропржите во тава. Богати се и со други важни микро-нутриенти, како што се Б-комплекс витамини, железо, магнезиум.
Овесни снегулки
Јадете цели житарки, Цинк има само во надворешната опна!
Натопете овесни снегулки одвечер или сварете ги за доручек, така полесно се варат и подобро се апсорбира цинк. Овесот е богат со калиум, калциум, бакар, магнезиум и железо.
Пченични никуци
Ако не сте осетливи на Глутен, овесна каша со пченични никулци е богат извор на овој минерал. Пченичните никулци содржат белковини и витамин Е.
Прехрамбен квасец
Одржува баланс на шеќерот во крв, но богат е и со Цинк, протеини и витамин Б12.
Препорачани дневни дози на Цинк
За жени е најмалку 9 мл гр, за мажи 11 мл гр.
За вегани и вегетаријанци овие дози се поголеми, поради присутност на Фитати во билните намирници (намалуваат апсорпција на Цинк во организмот).
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови