Паста од Ѓумбир и Куркума??? Квалитетот и дејството се наслутува: Куркума (состојката Куркумин) со антивоспалително и Ѓумбир со Гингерол, со антиоксидативно и антивоспалително дејство!

Додајте бибер, мед и кокосово масло и ете ви силен заштитник на здравјето!

Опис, својства и намена

Намалува создавање на Леукотриен, состојка која стимулира воспалителни процеси во зглобови.
Воспалителните процеси се главни окинувачи за развој на разни хронични болести! Бибер и кокосово масло поттикнуваат апсорпција на Куркума, а мед има анти-воспалителни и анти-оксидативни својства.

Рецепт за паста од Ѓумбир и Куркума

Помешајте добро 1 лажица ѓумбир во прав, 4 лажици куркума во прав, 1 лажица мед, 1 лажица кокосово масло, прстофат бибер и 10 лажици вода. Се добива паста. Ако е кокосовото масло претврдо, стопете го полека и умешајте го со другите состојки. Сипете во чисто тегличе.
Во фрижидер стои 4-5 недели.

Примена:
Во топло млеко ставете 1 лажица паста, измешајте и испијте го. Ако повеќе сакате билно млеко, најдобро е бадемово или кокосово. Пастата се меша и со смути, со јогурт, дури и како додаток на дресинг за салата.

Болести кај кои може да се примени паста од Ѓумбир и Куркума

Кај Артритис

Земајте ја оваа паста подолго време, особено во зима, кога болките во зглобови се поизразени! Истовремено јадете храна со антивоспалително дејство!

Смирува болки во мускули, зглобови, во грб или ако патите од реума и артритис, ете ви Куркумин против болки во зглобови!

Кај замор и немање енергија

Делува против замор и подига енергија! Куркума подига и расположение.

Зајакнува имунитет

Подобрува имунитет и забрзува лечење настинки и грип! Ѓумбир, Куркума и Мед се пријатели на вашиот имунитет. Штитат од настинки и грип. Забрзуваат лечење на болки во грло и тегоби во дишниот систем. Делуваат и превентивно!

Кај проблеми со варењето

Ѓумбир намалува мачнина и нагон за повраќање. Куркума намалува гасови и подуеност. Куркумин поттикнува апсорпција на нутриенти. Помагаат против сиондром на иритабилен колон, улцерозен колитис и Кронова болест.

Кај кожни проблеми

Оваа паста чисти организам и делува против кожни заболувања! Се мисли на акни, егзема, псоријаза. Има и детокс учинок, затоа подобрува и состојба на кожа.

За фокус и концентрација

Тука се истакнуваат ѓумбир, кокосово масло и куркума! Подобруваат фокус, концентрација и памтење. Ѓумбир содржи Гингерол и Шогаол кои имааат изразито поволно дејство на работа на мозокот.

Aко те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови