Халотерапија или терапија во солена соба. Името доаѓа од грчкиот збор „Хало“ = сол. Делотворност на Халотерапија е докажана со бројни научни трудови и пракса.
Кој не научил што е сол?
Солта е познат зачин, без неа не се може, но преголем внес предизвикува висок крвен притисок, оштетување на бубрези и други тегоби. Солта е сепак многу корисна. Благодетна е за кожа и за органите за дишење. Во природата, солта е извор на негативни јони кои го прочистуваат воздухот.
Болести кај кои може да помогне Халотерапија
Акни, дерматитис, псоријаза, тегоби на горни и долни дишни патишта, алергии, астма, цистична фиброза, рчење во сон (хркање), воспаление на уво, ХОББ (хронична обструктивна белодробна болест), хроничен замор и стрес, поленски кивавици, настинки, воспаление на бронхии, на грло, крајници, синуси и на бели дробови.
Се препорачува на сите како превенција – го подобрува крвотокот и го зајакнува целото тело!
Како се одвива третманот со Халотерапија?
Се престојува во соба со контролирани услови, слични на оние во солени пештери! Вдишуваме микроелементи на кристални соли и телото го изложуваме на сув, солен аеросол. Воздухот нема алергени, температурата е од околу 20-24 степени, влажноста до 60%.
Воздухот збогатен со овие минерали, бргу продира во кожата и дишните патишта, подлабоко од воздухот при инхалација!
Третманот трае 40 минути, за деца 20 минути. Се прават најмалку 10, уште подобро 15-20 третмани. Терапијата може да се прави 3 пати годишно.
Лековити дејства
Микрочестички од камена сол содржат минерали со докажано лековито дејство: Бакар, Цинк, Јод, Калциум, Литиум, Магнезиум, Манган, Селен, Железо.
Престојот во солена соба бргу го подобрува расположението и одстранува стрес, замор и раздразливост.
Халотерапија е благотворна за постари особи, трудници, деца, па и за доенчиња, но со препорака од педијатар!
Ефектот е подобар со релакс музика и со светлосна стимулација во собата. Се смета дека 20 минути во солена соба е еднакво на 4 дена престој на море.
Домашни светилки
По маркетите има светилки изработени од розеникаво-портокалови хималајски соли. Оваа сол содржи 84 минерали и овие светилки се здрав извор на светлост! Уништуваат електричен смог кој се ослободува од домашните апарати, кој докажано предизвикува повеќе заболувања. Светилките даваат блага, топла светлина која помага против лоша концентрација и лошо спиење.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови