Фибромијалгија – помошна природна терапија.

Опис на болеста

Најчесто се јавува од 40 г. па натаму. Често трае со години. На интензитетот влијаат многу фактори – временски неприлики, стрес, неактивност, несоница…

Се карактеризира со долготрајни болки во мускули и зглобови, осетливост на поедини точки на телото, како и изразен замор и малаксалост.

Симптоми кај Фибромијалгија

Симптомите се слични како и кај некои други заболувања, често се јавува долготрајна утринска вкочанетост, отоци на зглобови, на меки ткива, раце и стапала, пореметен сон, чести главоболки и мигрени, а кај жените предменструални тегоби.

Има појава на анксиозни состојби, трнци по тело, опстипација и затвор, пролив, подуеност, сува уста, укочен врат, проблеми со виличниот зглоб, вртоглавица…

Најчести причини за Фибромијалгија

Совети кај фибромијалгија

Оставете цигари и намалете внес на кофеин. Избегнувајте индустриска храна, вештачки сосови, газирани пијалоци, разни намази.

Јадете здрави и свежи намирници, особено овошје и зеленчук. Јадете храна богата со Калциум и витамин Ц за да зајакнете коски и цел организам.

Болки ублажуваат намирници богати со магнезиум (коскести плодови, интегрални житарки, спанаќ, зелена салата, пченични клици, пивски квасец). Помага и Селен, го има во бразилски орев, јаболка, портокали, лук и кромид, зелка.

Ублажување на симптоми и природно лечење на Фибромијалгија

Крема од лути пиперчиња

Помага против артритис и Фибромијалгија, благодарејќи на состојката Капсаицин!

Масло против болки во мускули: во ½ л ладно цедено сончогледово масло ставете 50 гр суви чили пиперчиња. Стои 10 дена, со повремено протресување. На почеток нанесете на мал дел од кожа, за евентуална појава на пликови.

Масло од Жолто ноќниче

Билката помага кај ревматоиден артрит или воспалено меко ткиво на зглобови. Ублажува болки и кај Фибромијалгија. Мачкајте масло на болните места, наутро и навечер.

Куркума кај Фибромијалгија

Содржи куркумин, моќна состојка против болки и ревматски воспаленија. Успешно заменува нестероидни анти-воспалителни лекови, без нуспојави. Се зема според упатството.

Купка од Мајчина душица

Фибромијалгија предизвикува болки во цело тело, пациентот мора да се опушти. Во 1 л зовриена вода ставете 50 гр Мајчина душица. По 1 саат процедете и сипајте во када со топла вода. Лежете 20-тина минути.

Чај од Мајчина душица

Во 5 дл зовриена вода ставете 2 лажици билка; оставете поколопено 30 мин. Процедете и пијте во тек на денот, во голтки.

Против болки во мускули

Варете 5 мин. 2 гр корка од Врба во 2 дл вода. По 10-тина минути процедете. Се пијат 2-3 чаши на ден. Корката содржи Салицин, делува слично како Аспирин.

  • Рецепт со Ѓумбир

Во 2 дл топла вода разматете 1/3 лажиче ѓумбир во прав и испијте. Се прави 3 пати на ден.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови