Портокал или на латински Citrus aurantium.

Опис и својства

Ниско зимзелено дрво или жбун. Успева во потопли краишта, дрвото е осетливо на ладен ветер и ниски температури. Се размножува со семе.

Има кожести, малку назабени лисја. Цветовите се бели, шират убава миризба. Период на цутење е Февруари Април.

Дава многу добри приноси од нектар и поленов прав. Медот е ароматичен, има светла боја.

Состав на Портокал

Одличен е извор на витамин Ц – 1 плод дава 116% дневни потреби! Корката е исто така многу богата со витамин Ц. Содржи и Лимонен (има анти-воспалително и анти-канцерогено дејство, особено против рак на кожа!).

Богат е и со Калиум и витамини од Б групата, со билни влакна и со некои инхибитори на рак (Каротеноиди, Терпени, Флавоноиди – 58 познати анти-канцерогени материи)!

Редовна конзумација намалува дури за 50% ризик за добивање на рак на панкреас, а штити и од рак на желудник и на дебело црево.

Здравствена корисност на Портокал

Алкализира тело

Лимон и портокал содржат многу алкални минерали кои учествуваат во процесот на варење. Создаваат здрава средина, неповолна за појава на хронични болести.

Анти-канцерогено дејство

Намалува ризик од развој на рак на бели дробови, меланом и на дојка. Ц витамин превенира појава на рак на дебело црево, спречува мутации на ДНК.

Портокал за здрава Кожа

Обилието на антиоксиданси спречува предвремено стареење и оштетувања на кожата.

Шеќер во крв

Богат е со влакна кои одлично балансираат гликоза во крв. Фруктоза или природен шеќер во портокалот, спречува нагли скокови на шеќер во крвта после оброк!

Портокал за Очи

Содржи Каротеноиди кои во организмот се претвораат во витамин А, кој чува здравје на мукозни мембрани и намалува ризик од макуларна дегенерација.

Кардио-васкуларен систем

Неговата корка содржи поли-метоксилирани Флавони, многу делотворни состојки за снижување на лош холестерол. Редовна конзумација на портокали спречува зачепување на крвни садови и кардио-васкуларни тегоби.

Портокаловите состојки поволно делуваат на крвен притисок, намалуваат ризик од анемија. Подобруваат варење, спречуваат појава на бубрежен каменец.

Други корисни дејства на Портокал

Цветови од горчлив портокал се одлично средство за добро расположение. Убавата миризба и лековитите својства се причина за производство на етерично масло Бергамот, кое помага против депресија и анксиозност.

Есенцијално масло од обичен портокал се добива од корката. Одличен е антисептик и аналгетик за болки во желудник. Есенцијално масло Бергамот е одличен дезинфициенс за рани, гнојни чиреви и изгореници.

Етерично масло од портокал поттикнува производство на колаген со зголемување на проток на крв низ кожа.

Кулинарство

Се комбинира со многу јадења, од него се прават џемови и сируп. Корката се ренда или се користи кандирана.

  • Чај од лист Портокал

2 лажици лист во 2 дл жешка вода. По 10 мин. процедете.

  • Ладен чај од Портокал

Излупете 2 плода портокал. Корката и 5 ќесички чај од Камилица (или Хибискус, Нане…) прелејте со 0,5 л жешка вода и по 5 мин. процедете. По 30 мин. изблендирајте го заедно со олупените плодови; додајте коцки лед и мед.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови