Липиди во крв или липиден статус на човекот.

Што се тоа Липиди во крв?

Липидите во крвта, познати и како холестерол и триглицериди, се клучни компоненти кои влијаат на здравјето на срцето и крвните садови.

Холестеролот игра важна улога во формирањето на клеточни мембрани и производство на хормони. Високите нивоа на LDL (лош) холестерол можат да предизвика атеросклероза, што го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Спротивно, HDL (добар) холестерол помага во отстранувањето на излишниот холестерол од крвта.

Контролирањето на липидите преку здрава исхрана и активен начин на живот е важно за одржување на оптимално срцево здравје.

Храна која помага за регулирање на Липиди во крв

Постојат домашни ефикасни лекови кои доведуваат ниво на липиди во оптимала. Намалуваат маснотии во крв дури и за 40%.

Цвекло

Многу е богато со витамин Ц, калиум, витамин Б9, со антиоксиданси и лесно сварливи влакна. На телото му дава енергија, намалува крвен притисок, подобрува циркулација.

Учествува во процес на намалување на Холестерол во крв. Подобрува еластичност и ширење на крвни садови. Цвекло е богато и со нитрати, подобрува кардиоваскуларно здравје и елиминира сувишни липиди од крвоток.

Лимон за контрола на Липиди во крв

Намалува лош ЛДЛ, зголемува ниво на добар ХДЛ холестерол! Намалува ниво на триглицериди и висок крвен притисок, како и ризик од кардио-васкуларни заболувања, инфаркт, анемија…
Ублажува киселина во жолчка и помага елиминација од тело (наместо повторно да се апсорбира). Ова влијае и на ниво на холестерол во крв.

Природни рецепти со Лимон и Цвекло

Рецепт бр.1:
Исецкајте 5 Лимона сосе корка и очистете 1 Цвекло. Направете сок во соковник. Процедете во стаклено шише и ставете во фрижидер. Се пие по 1 дл наутро и навечер. Пред секоја употреба проматете го сокот во шишето.

Рецепт бр. 2:
Нарендајте ситно 1 кг цвекло и процедете низ газа. Пијте ½ л сок на ден. Кога ќе се ублажат симптомите, пијте по 250 мл на ден. Се прави 6-8 недели.

Рецепт бр.3:
Зовријте 1 л вода. Излупете танко 1 Лимон и корката ставете ја на дното од огноотпорен сад и сипете зовриена вода врз корката. Оставете 30 мин. да се олади, сипете 1 лажица сок од Лимон. Се пие во 1 ден и во континуитет од 3-4 недели.

Рецепт бр.4:
Напиток за циркулација во нозе и против маснотии во крв: измијте добро 1 кг органски Лимон во ладна вода и потоа ставете го во топла вода во која претходно сте разматиле 1 ќесичка сода бикарбона. Сочекајте 60-75 мин. Лимонот да омекне.

Исецкајте поситно 6 врски магдонос сосе стебликите, потоа исто и со Лимонот сосе корка. Ставете ги во сад и сипете 3 л вода. Загрејте и варете на тивко 2-3 саата, додека двете састојки да се разварат и растопат. На крај, процедете ја добро течноста и пресипете го сирупот во шишиња или помали тегли. Се добива околу 1,5 л.

Штом се пролади, ставете ги во фрижидер. Се пие 1 ракиена чашка на ден, наутро пред доручек, 14 дена.

Општи совети за здравје и добар Липиден статус

Пијте вода со семе од Коријандер, додавајте Куркума во јадења, пијте зелен чај, јадете храна со повеќе растворливи влакна (овес, ориз, цитруси, јаболка, јагоди, грашок, интегрални житарки и семки), конзумираајте Ленено семе.

Билни смеси за контрола на Холестерол т.е. Липиди

Во 2 дл вода ставете 1 лажиче нарендан Ѓумбир и варете на тивко 10 мин. Процедете и по 10-тина минути ставете сок од ½ Лимон. Се пие топло.

Зовријте 2 дл вода и ставете по 1 лажиче сув лист Нане и и Цимет во прав. По 10 мин. процедете. По желба, засладете со малку мед.

Извор: списание „Лековито биље“ 2024 г.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови