Зимурливост, остливост на студ или наједноставно кажано „Ладно ми е цел живот“!

Опис на проблемот

Доколку личноста е здрава, а сепак често има чувство дека му студи, најчеста причина е успорена циркулација и седечки начин на живот.

Но, понекогаш зимурливоста е и симптом на некое заболување како што се анемија, пореметена работа на штитна жлезда или пак недостаток на витамин Б12. Најчесто се жалиме на ладни нозе, особено стапала, како и чувство на отрпнатост особено во раните утрински часови.

Зимурливост и редовна физичка активност

Помошта често доаѓа со обични прошетки од 45-60 мин., како и со внес на доволно вода во организмот. Водата допира до сите крвни садови, забрзува циркулација и преку размена на материи одстранува штетни материи.

Облеката што ја носиме мора да биде од волна или памук. Обувките треба да се удобни, најдобро од природна кожа. Така се спречува пореметување на циркулацијата. Ова е важно кај заболените од дијабетес, за да не дојде до појава на т.н. „Дијабетско стапало“.

„Метода на суво четкање“ може да помогне

Стимулира циркулација во телото и лимфниот систем, овозможува внатрешно ослободување од вишок течности и токсини. Се применува во СПА центри ширум светот.

Се работи за четкање на површината на кожата со мека, сува четка исклучиво од природни влакна. Се прави секој ден, пред туширање, наутро или навечер.

Суво четкање на лице не се препорачува. Избегнувајте силно рибање на кожа, особено не четкајте оштетена кожа, интимни делови и проширени вени.

Придобивки од оваа метода

  • Со стареењето, телото и кожата потешко се регенерираат (одстранување на изумрени клетки). Со редовно четкање се стимулираат жлездите да произведуваат повеќе влага, а кожата станува посвежа и помлада.
  • Целулит – суво четкање забрзува метаболизам и одстранува масни наслаги од под кожа, а тоа позитивно влијае во намалување на целулит; се поттикнува циркулација на крв и функција на лимфниот систем.
  • Суво четкање подобрува имунитет, зголемува мускулен тонус, подобрува текстура на кожа и спречува нејзино брзо стареење.

По сувото четкање, се оди под туш, најдобро со наизменична топла и ладна вода. По туширање, кожата се мачка со хидратантно масло (според типот на кожата).

Витамини кои помагаат кај зимурливост

Научно е докажано позитивното дејство на витамините на циркулацијата.

Пред се,  витамин Б3 (Ниацин). Го има во многу намирници – риба, семки од сончоглед, кикирики, во повеќето житарки од кои се прави леб. Ниацинот го намалува лошиот ЛДЛ холестерол.

Витамин Е помага ширење на крвни садови и олеснува проток на крв. Спречува згрутчување на крв. Го има во рибини масла, семки, ореви, зелен лиснат зеленчук.

Позитивно дејство има витамин Ц (недостаток може да предизвика таложење на плак во крвните садови).

К витамин е клучен витамин за правилна коагулација на крв. Го има во зелен чај, репа, зелка, спанаќ, шпаргли, кељ и зелена салата.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови