Сладок бадем или на латински Prunus amygdalus.

Опис

Во групата е на коскести овошја, како и сливата, вишната, праската… Постои и горчлив бадем Prunus amigdalus amara; многу е горчлив и не се јаде, но, содржи многу витамин Б17!!

Својства и состав

Сладок бадем е корисна и здрава намирница со висок процент на дневни потреби за повеќе витамини, минерали, влакна (содржи 49% од дневните потреби) и аминокиселини. Влакната се многу важни за правилно варење на храната, со нив се хранат добрите бактерии (пробиотици).

Една рака бадем содржи до 42% од дневните потреби на белковини; содржи и мононезаситени и полинезаситени масни киселини. Содржи многу манган, магнезиум, бакар, фосфор, Витамин Е и Б2 (рибофлавин).

Мононезаситени масни киселини има и во маслиново масло, добра се превенција на срцев удар.

Секојдневно користење на бадем намалува ризик од срцев удар за 35%, а ако  во исхраната на минимум сведеме месо и млеко, во комбинација со витамин Е и минералите кои ги содржи, дури до 45%. Намалува и лош холестерол за околу 10%.

Бадем во исхраната

Исхрана која се базира на намирници со висок гликемиски индекс, како бело брашно и шеќер, многу го качува нивото на шеќер во крв. Тоа води кон дебелина и дијабетес. Од 60 до 90 гр бадем на ден намалува гликемиски индекс на другите намирници и нивото на шеќер во крв!!

Бадем врши корекција на нагло качување на ниво на шеќер и лошите последици од тоа. За да немате проблеми со варење (во случај да ви се јавуваат), бадемот се потопува неколку саата во вода, така се активираат ензимите во него и станува полесно сварлив.

Бадемот содржи и антиоксиданси: Нездрав начин на исхрана создава слободни радикали! Се сметаат за главен причинител на многу болести, па и на малигните.

Против слободните радикали се борат антиоксидансите!

Витамин Е е еден од нив, а во бадем го има многу. 100 гр бадем има 131% од дневните потреби за овој витамин. Во покожицата на бадемот има дури 20 флавоноиди, кои имаат со-дејство со витаминот Е и многу го зајакнуваат антиоксидативното дејство на бадемот!

Бадемот делува лековито и за мозочните функции и работа на нервниот систем, помага слабеење, спречува формирање на камен во жолчка, одличен е извор на протеини, здрави масти, витамини и минерали…

Билни приправки од бадем, корисни за здравјето 

Бадемово млеко

Здрав напиток, особено доколку имате проблеми со лактоза од кравјото млеко.

Рецепт: 2 чаши бадем, 1 л вода, 1 супена лажица мед и по желба, малку агава сируп. Бадемите се оставаат во вода преку ноќ, наутро се процедуваат и ги мелеме во блендер. Се додава водата и се блендира за бадемот сосем да се уситни. Се процедува низ газа и се засладува со 1 супена лажица мед, по желба.

Путер од бадем

Рецепт: Блендираме 2 чаши бадем со 2 супени лажици маслиново масло и малку сол. Се блендира повеќе пати, за бадемот да добие структура на путер.

Корисни совети

Кога се купува, бадемот мора да е цврст и да има слаткаст мирис. Горчлив и остар мирис укажува дека бадемот е расипан. Се чува во добро затворен сад, на темно и ладно место. Во замрзнувач трае 9-10 месеци. Најдобро е да се купи бадем со кожичка, содржи флавоноиди – ако не ви создаваат проблеми со варењето!

     
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови