Билни рецепти за вагинален секрет имаат помошни лековити својства во одржување на вагинално здравје.

Од билни рецепти за вагинален секрет Ви претставуваме:

При обилен секрет од воспалени Јајници 

  • Смеса од по 25 гр плод Пасидрен, цвет Камилица, корен Одољен (валериана, мацина трева) и корка од Чибуковина (Viburnum lantana);  4 супени лажици смеса се прелеваат со 7 дл врела вода и по 3 часа се процедува. Се пие секои 6 часа додека не се испие целиот чај. Ова се прави 5 дена пред почеток на менструација.
Viburnum-lantana-cibukovina
ЧИБУКОВИНА

Чај против воспалени јајници: 1/1  Петровец и лист од Орев, 1 кафена лажица смеса попаруваме со 250 мл врела вода; по 15 мин. процедуваме, засладуваме со малку мед и додаваме 1 кафена лажица сок од лимон. 2-3 шољи на ден, се пие топло во голтки.      

  • 1 супена лажица исечкан корен од Оман, се прелева со 2 дл врела вода, по 15 мин. се процедува, чајот е горчлив, се засладува со мед. Се пие само по една доза на ден, 5 дена пред менструација. Се повторува истото пред наредните два циклуса.
oman
ОМАН
  • Правиме смеса од по 30 гр Нане и Одолен (мацина трева), и 40 гр Камилица. 4 супени лажици смеса прелеваме со 0,7 л врела вода, по 15 мин. се процедува, се пие полека цел ден. 

За Испирање: најдобри билки се оние кои имаат антисептичко дејство и содржат танини и етерични масла  (Камилица,  Ајдучица, Бел и Црн Слез, Коприва, Рузмарин, Ореов лист – во однос 50 гр во 1 л вода. Се испира наутро и навечер.        

При обилен секрет поради габички и бактерии     

  • 1 супена лажица Жалфија прелеваме со 2 дл врела вода, по 15 мин. се процедува. Се пие 1 чаша на ден, 7 дена.
zalfija
ЖАЛФИЈА
  • Правиме смеса од по 25 гр од цвет и лист Ајдучица, лист Вирок, Линцура, Троскот, Коприва, листови Смрадлика. 3 супени лажици смеса во 1 л врела вода и оставаме да преноќи. Се процедува и се пие во голтки цел ден.   
smradlika
СМРАДЛИКА
  • Маст за бактериски вагинитис: 2 гр воден екстракт Вирок и 10 гр воден екстракт ружин цвет, 10 гр Ланолин и 20 гр вазелин. Се мачка вагинална регија.    

Секако дека билни рецепти за вагинален секрет не се единствена опција, потребно е редовно да се прави гинеколошки преглед и лабораториски анализи.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови