Три билни рецепти за висок шеќер од руската алтернативна медицина. Помагаат во намалување на нивото на шеќерот во крвта и негово одржување во нормални граници.
Билни рецепт за висок шеќер со Рен, Лук и Пиво
Потребни состојки:
Корен од рен со должина од околу 20 см и пречник од 2 см, 9 чешниња лук, квалитетно пиво, тегла или стаклено шише од 1 литар. Го сецкаме ситно.
Коренот од рен добро се мие и не се лупи. Ги лупиме чешнињата лук и ситно ги сецкаме, заедно со ренот ги ставаме во тегла и ги полеваме со пиво до 1 см под врвот. Поклопуваме или покриваме со дупла памучна ткаенина и ги оставаме 10 дена на темно место. Потоа течноста се процедува.
Дозирање:
Првите 2 дена по едно кафено лажиче, 2-3 пати на ден, потоа по 1 супена лажица, 3 пати на ден, пред јадење. Оваа смеса намалува висок шеќер во рок од месец дена и го држи под контрола.
Препорака:
Потрудете се да користите Рен, Лук и Пиво од проверени и сигурни произведувачи.
Билни рецепти за висок шеќер со Овес
Зовриваме 0,5 л вода и оставаме 45 минути да се олади. Ставаме 50 гр зрна Овес и загреваме до вриење. Вариме на тивко 10-15 минути. Го тргаме од огaн и оставаме да одстои 1 саат.
Дозирање:
3-4 пати на ден по пола чаша (1 дл), пред јадење, во траење од 5-20 дена.
Препорака:
Потрудете се да користите Овес од проверени и сигурни произведувачи.
Билни рецепт за висок шеќер со Јајце
Матиме 1 јајце и добро го мешаме со сок од 1 лимон.
Дозирање:
Се зема секое утро на празен стомак. Терапијата трае 2-4 недели.
Препорака:
Потрудете се да користите природни Јајца од слободни кокошки, од проверени и сигурни произведувачи.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови