Бреза или на латински Betula pendulaима два вида: обична бела и цветна (северна) Бреза. Двете се лековити.

Опис

Дрвото расте 10-25 матри во висина. Има бела мазна корка, често испукана и тенки витки гранчиња. Цветните реси се долги 3-4 см. Широко е распространета. 

Својства и намена

Во лековити намени се користи корката, лисјата и пупките. Лисјата најдобро е да се берат млади, на пролет. Имаат горчлив вкус и специфичен мирис. Се сушат во сенка, никако на сонце!

Содржи танини, шеќер, малку етерично масло, смоли, горчливи материи, сапоноиди и др.

Заради лековитоста се собира:

  • сок (во Март),
  • лисјата за време на целата вегетација,
  • корката на пролет и есен.

Пупките немаат витамин Ц, но имаат многу етерично масло со поволно дејство на дишните органи. Ц витамин има во листовите. Сок од стеблото се вади со бушење дупка (која на крај се затвора), може да се извади околу 4 литра сок на ден. Ако сокот се врие, се добива т.н. Брезово вино.

Примена на Бреза за здравствени намени

Сокот и виното се одлични за лечење на атеросклероза, дебелина, каменец во бубрези и бубрежни заболувања. Од пупките и лисјата се прави чаен одварок, се прелеваат со зовриена вода; не смее да врие! Ова е одличен природен диуретик и природно е средство за излачување на урина.

Ateroskleroza; Атеросклероза
АТЕРОСКЛЕРОЗА

Чај од лисја Бреза

Ефикасен е за компликации настанати од прекумерно собирање на вода во организмот (бубрези, мочен меур, црн дроб, зглобови). Овој чај не смее често и предолго да се пие; постојат и други билки – диуретици. Чајот е добар за иситнување, растварање и безбедно излачување на бубрежен каменец.

Брезовите лисја благотворно делуваат на кожни заболувања: лишаи, разни дерматиди и тоа во купки. Потикнува мокрење, белковини во урина и чисти крв. Чај од лист и пупки Бреза стимулира излачување урина, отстранува киселост, лечи грозница, ревматски болести.

Чај против водена болест

Правиме смеса од по 5 гр лист Бреза, Рузмарин и Коприва и по 10 гр полско Коњско опавче и лист Боровинка;  1 супена лажица смеса се прелева со 2 дл зовриена вода. По 15 минути се процедува, а 10 минути потоа може да се заслади и со мед.

Чај против Ревматизам и Гихт

Мешаме еднакви делови лист Брза и Коприва и лист и корка Кркавина (Cortex Frangulae). Чајот се прави и пие исто како претходниот.

Чај против бубрежен каменец

Правиме смеса од лист Бреза, Пиревика (Rhizoma Graminis), Честославица (Herba Verinicae) и Водопија (Цикорија); иста постапка како чај за водена болест.

Rhizoma Graminis. Пиревика.
ПИРЕВИКА
Veronicae herba. Veronica officinalis. Честославица.
ЧЕСТОСЛАВИЦА
Cichorium intybus. Водопија.
ВОДОПИЈА

Рецепт со Бреза

  • За прочистување на крвта, слуз од бели дробови, песок од бубрези, кожни осипи и авитаминоза: 6 супени лажици свеж сок од Бреза мешаме со козјо млеко и 1 супена лажица мед.
  • За отечена Слезина: наутро пред јадење, се пие овој чај – 20 гр корка од Бреза и 10 гр Коријандер вариме неколку минути во 2,5 дл бело вино. Се процедува и се пие.

НАПОМЕНА: уролошки чаеви се пијат со претходно одобрение од матичен лекар!!!

Уролошки чај 

1 супена лажица смеса попаруваме со 2,5 дл зовриена вода, стои 15 мин. и процедуваме. Се пијат 2-3 чаши на ден.

Рецепт за смеса:
20 гр лист Бреза, 5 гр Килавица, 15 гр пченкарна свила, 10 гр лист Боровинка, по 15 гр Враниловка и лист Коприва и 20 гр Мечкино грозје.

Чај против воспаление на бубрези

од претходно наведената смеса, 1 супена лажица смеса се остава во 2 дл ладна вода, загреваме до вриење, оставаме да одстои 1 саат и процедуваме. Се пие 3 пати на ден по 2 дл незасладен чај, после јадење.

За полесно мокрење

Ситно сецкаме 1 супена лажица лист Бреза и се зема веднаш, пред секој оброк.

Отежнато мокрење, воспалена простата

Мешаме по 30 гр лист Бреза, Мечкино грозје, Коњско опавче и 10 гр цвет Подбел; 1 супена лажица смеса вариме 5 минути во 2 дл вода, оставаме поклопено 3 саата и потоа процедуваме. Се пие млако.
Се пијат 2-3 вакви чаја на ден, пред јадење.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови