Бршлен или на латински Hedera helix – лисја од Бршлен најдобро е да се берат во период на цутење (Август-Септември), тогаш содржат најмногу лековити состојки. Се сушат на светло место. Листовите содржат многу активни состојки, особено сапонини. Растворени во вода, сапонините создаваат пена.
Дејство на органите за дишење
Бршлен олеснува и ублажува искашлување и кашлање
Сапонините ја растворуваат густата слуз во бронхиите. Ги опушта бронхијалните мускули и намалува потреба за кашлање, олеснува дишење и намалува кашлање со грчеви. Ефикасно делува на дишните патишта, затоа се употребува и против астма.
Препарати со Бршлен
Внимание при подготовка на Бршленов чај, не смее да се пречекори вкупната доза од 2 полни супени лажици иситнет Бршленов лист во 1 л. вода, ниту пак повеќе од 1 лист во чајните мешавини!
Бобинките (плодовите) се држат подалеку од деца и не се користат за подготовка на чај!!! Најдобро е да се купи готов препарат од Бршлен, така ќе избегнете штетни последици.
Тинктура од Бршлен во оцет
Тегла полниме со исецкани лисја и до врв ја полниме со јаболков оцет. Стои на топло 7 дена. Одлична е против кожни болести, се мачка 10 дена.
Варено вино и Бршлен
Во 1 л црно вино ставаме 50 гр исецкан лист, ја вариме течноста да спадне на пола, се процедува и оставаме да се олади. Додаваме уште 0,5 л. варено вино. 8-10 дена се пие по 1 чаша, пред доручек, против каменец во бубрези и жолчка.
Кај Курје око
Секоја вечер ставаме по 4 исецкани лисја Бршлен, мотаме со газа и оставаме да стои 60-90 минути. За 7-8 дена омекнува и лесно се отстранува.
Купка од Бршлен
40 гр. исецкани лисја попаруваме со 1 л. зовриена вода, стои 15 минути и процедуваме. Сипаме во када со топла вода. Помага против кожни габички, ублажува и симптоми на реума.
Кај Целулит
Масло од Бршлен помага против Целулит, но и тегоби со вени и габични инфекции. Се комбинира со купка.
Убоди од инсекти (оси, пчели…)
Се третираат со тинктура од Бршлен: мелеме лисја, кашата ја ставаме во алкохол 90-120 мин. и процедуваме низ газа.
Чај од Бршлен
Се пие само неколку дена (многу внимателно со ова), највеќе 10 дена. 1 кафено лажиче сув лист се попарува со 2 дл зовриена вода, стои 10 минути и се процедува. Може да се заслади со мед, се пијат 2-3 чаши чај на ден.
За надворешна употреба: за испирање рани и нозе зафатени со габични инфекции.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови