Чичока или на латински Arctium lappа.
Опис, својства, состав
Чичока е двогодишна дива самоникната зелјеста билка, расте 1-1,5 м во висина.
Лисјата се срцолики, на рабовите назабени. Кон врвот се помали. Се берат млади, пред да процвета билката!
Стебликата е дебела, со влакна, се бере исто пред билката да процути.
Коренот е вретенест, до 60 см во должина; во него се содржани најмногу хранливи материи. Се вади од двогодишни билки – во пролет и во есен. Цветот е групиран на врвовите, со пурпурно црвена боја. Цвета од Јуни до Септември.
Семето узрева на есен, се бере кога е сосем зрело.
Лековитост на Чичока
Лековити се лисјата, стебликата, семето и коренот; ги содржат следните нутриенти:
Витамин Ц и Е, фолна киселина, рибофлавин, пиридоксин, ниацин, калиум, железо, магнезиум, цинк, калциум, селен, фосфор, инулин.
Инулин е пребиотик, има лаксативно дејство и поволнно делува на цревната микрофлора.
Намалува шеќер и холестерол во крв, а и телесна тежина.
Инулин е полисахарид и влијае на зголемување на ниво на калциум и магнезиум во организмот што е важно за здрави коски и заби. Содржи горчливи материи кои ублажуваат болки во стомак подуеност, горушица и мачнина, потикнуваат лачење на сокови за варење.
Чичока зајакнува имунитет, превенира и лечи грип, инфекции и алергии. Потикнува потење – со тоа и детоксикација преку кожа.
Рецепти од Чичока
Облога од Чичока
Помага против кожни заболувања – нечиста кожа, модринки, осип, гнојни рани и гребнатинки, акни, екцем, лишај и др.
Прочистува крв, превенира и лечи анемија, помага дури и во лекување на леукемија. Тинктура од чичока е добра за дијабетичари.
Сируп од корен и семки Чичока
Чува здравје на усна шуплина и систем за дишење, намалува болки во зглобови, гихт, артритис и реума, подобрува варење на храната, одржува здрав црн дроб, подобрува состојба на коса.
Потикнува апетит, смирува нервозни црева. Потикнува елиминација на песок и каменец во бубрези и жолчка.
Масло од Чичока – природни рецепти
Има смирувачко дејство, делува против несоница, напнатост, немир.
Најчест начин на употреба се чај, сок, масло и масти од чичока!
Чистиме и миеме корен во топла вода и го сецкаме на парчиња. Оставаме да се суши 24 саата. Коренот се става во тегла и се налива маслиново масло 3-4 см над коренот. Оставаме 6 недели на темно и ладно место. Потоа се процедува. Маслото има антивоспалително дејство.
Маст се прави од маслото, со пчелин восок и прополис – за многу кожни проблеми!
Чај од Чичока за прочистување крв
1 супена лажица исецкан корен и лист чичока се вари 5 мин. во 0,5 л вода, стои 15 мин. и се процедува. Се зема по 2 лажици наутро и навечер.
Чај за Реума
Иста постапка како со претходниот чај, но овој за Реума се спрема од 1 супена лажица семки од чичока.
Чај против опаѓање на коса
1 супена лажица корен чичока вариме во 1 л вода; потоа цедиме и мешаме 2 дл од овој чај со 2 дл јаболков оцет. Со ова се масира скалпот два пати на ден.
Сок од корен од Чичока
Опоравува заболен црн дроб, потикнува излачување на жолчна течност. Добро чисти кожа, лечи чиреви, акни, лишај, помага зараснување на рани, гребнатини и изгореници.
Тинктура од Чичока
За подобро варење – се прави од свеж корен; чистиме и сецкаме корења до пола тегла и доливаме 50% ракија до врв. Стои 15-20 дена и се процедува. Се зема по 1-2 ракиени чашки на ден, по потреба.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови