ЦРН БИБЕР или на латински Piper nigrum чисти крв, црева и бели дробови, помага во слабеење!

Има повеќе од 100 вида Бибер. Кај нас најмногу се користи црн бибер како зачин при готвење. Позитивното дејство на овој зачин е и научно потврдено.

Нутритивна вредност 

Богат е со влакна, железо, манган, калиум и витамин К, со протеини и со јаглени хидрати, со здрави масти и фито-стероли. Содржи и нешто Калциум, Фосфор, Цинк, Бакар, Магнезиум, Селен, Фолна киселина, витамини Б2, Б3, Б6, А и Ц.

Бенефити кои ни дава Црн Бибер                                               

Содржи цела низа состојки со антиоксидативно и антимикробно дејство кои помагаат во сузбивање на некои болести, а се покажал добар и во превенција на кариес и против бактерии.

Докажано е дека црниот бибер има благо антивоспалително дејство, како и антибактериско дејство, поттикнува метаболизам и варење, ослободува организам од вишок течности. Ги отклонува штетните слободни радикали благодарејќи на неговото антиоксидативно дејство.

Регулира шеќер во крвта

Некои својства на црниот бибер помагаат третман на Дијабетес тип 2 и во намалување шеќер во крвта. Содржи Пиперин кој позитивно влијае на метаболизмот, а со тоа им помага на дијабетичарите. Масло добиено од црн бибер  помага лачење на два ензима кои разградуваат скроб во гликоза, што влијае во регулација на нивото на шеќер во крвта и намалување на апсорпција на гликоза. Некои студии потврдиле директна поврзаност на маслото од црн бибер со третирање на дијабетесот!

Црн бибер подобрува варење

Поттикува лачење на хлороводородна киселина во желудецот и така црниот бибер подобрува варење на внесената храна. Пиперинот кој црниот бибер обилно го содржи помага лачење на хлороводородната киселина која е неизоставна компонента на желудечните сокови кои ја преработуваат храната и апсорбираат од неа хранливи состојки. Биберот го зајакнува системот за варење и го намалува времето кое е потребно за проаѓање на храната низ системот за варење.

Црн бибер за слабеење

Црниот бибер има термогени својства т.е. го загрева организмот, што може да помогне разлагање на вишок на масти. Пиперинот е тука делотворен.

Подобрува когнитивни функции 

Пиперинот го штити нервниот систем од бројни заболувања, подобрува когнитивни функции и намалува оштетување на памтењето. Се претпоставува дека црниот бибер превенира Алцхајмерова болест со тоа што ги лечи оштетените неурони, како и оштетувањата во хипоталамусот на мозокот.

Помага при тешкотии со дишење

Освен при отежнато дишење, биберот е делотворен и против синузитис, назална конгестија, кашлање и настинки. Пиперинот спречува размножување на бактерии во системот за дишење.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови