Детокс на бубрези – детокс на филтерот на организмот

Црн дроб и бубрези се главни органи за детокс на организмот. Филтрираат крв и елиминираат токсини и отпадни материи од крвотокот. Бубрезите контролираат и баланс на течности, како и ниво на електролити.

Здрави бубрези спречуваат чести воспаленија (инфекции). Лоша исхрана и недоволен внес на течности се основа за натрупување на токсини во организмот, особено во црн дроб и во бубрези. Ова ја пореметува нивната работа и создава основа за појава на каменец, но и разни хронични заболувања.

Зачестени заболувања од дијабетес и хипертензија се тесно поврзани со неправилна работа на бубрези.

Симптоми на лоша работа на бубрези

Постојан замор, тешкотии при концентрација, хипертензија, задржување на вода во организмот (особено во стапала и глуждови).

За здрави бубрези потребна е здрава и урамнотежена исхрана богата со антиоксиданси и електролити, како и доволен внес на вода.

Природна помош за детокс на бубрези – здрави напитоци

Смути од цвекло и јаболка

Цвеклото содржи Бетаин, има силни антиоксидативни својства и помага за чистење од калциум и амониум сулфат од бубрезите. Така се намалува ризикот од формирање каменец. Цвеклото ја чисти крвта и ја подобрува циркулацијата. Јаболкото содржи Пектин, растително влакно кое помага во зачувување здравје на бубрези.
Сокот од лимон има кисел вкус, но ја зголемува алкалноста на организмот. Го зголемува нивото на цитрати во урината, а тоа го намалува ризикот од настанок на каменец.

Подготовка: Во блендер ставете 1 излупено и исечкано цвекло, 2 јаболки, сок од ½ лимон и ½ краставица. Се пие веднаш.

Напиток од јаболков оцет

Овој напиток е одличен за детокс, особено на бубрези. Оцетната киселина ги топи калцификатите, а богат е и со нутриенти. Придонесува и за витка линија.

Подготовка – Во 2 дл млака вода ставете 2 лажици јаболков оцет и испијте наутро на гладно.

Смути од Морков

Морковот е чувар на видот (содржи Бета-каротен кој во организмот се претвора во витамин А). Каротенот помага и чистење на бубрезите од токсини. Морковот содржи растителни влакна кои на себе ги врзуваат токсините и ги елиминираат од организмот.

Подготовка – Изблендирајте 1 исецкан морков, ½ краставица и 1 лажиче свежо нарендан Ѓумбир; се пие наместо доручек.

Сок од Коријандер

Сокот од коријандер е многу лековит и одличен е за детокс. Делува како диуретик, ја намалува можноста за создавање на бубрежен каменец.

Подготовка – Во 2 чаши зовриена вода ставете 1 китка исецкан Коријандер и варете 15-20 минути. Процедете и по 20 минути измешајте 1 лажица мед.

Билки кои се добри за детокс на бубрези

Ѓумбир, Глуварче, корен од бел Слез, Смрека, Коприва, Магдонос, Каранфилче, Златница (Solidago virgaurea), Пченкарна свила.

Намирници кои помагаат за детокс на бубрези

Лубеница, цвекло, сок од лимон, сок од брусница, семки од тиква.

Витамини кои помагаат за детокс на бубрези

Витамин Б2, Б6 и минерал Магнезиум.

Превентива од настанок на бубрежни болести

Избегнувајте никотин, алкохол и кофеин. Одржувајте го крвниот притисок во нормала. Редовно проверувајте холестерол. Пијте барем 8 чаши вода на ден. Одржувајте здрава телесна тежина.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови