Дивизма или на латински Verbascum thapsiforme – една од најлековитите билки; расте речиси секаде, на секој вид земја, важно е да е на суво и сончево место.
Дивизма помага за болести на белите дробови и ушите
Одамна се користела против болести на белите дробови и за болести на уво и наглувост – прочуено ПОПСКО МАСЛО.
Намена на Дивизма
За заштита од лоши енергии
Цветовите се берат на сончево и суво време, се чуваат во херметички затворени стаклени тегли – патат од влага, а ги напаѓаат и црви. Цветовите се користат во прехрана како додаток на салати, макала и сл.
Кај народот постоело верување дека Дивизмата има магична моќ и ја саделе околу куќа против лоша енергија.
Рецепт за Попско масло
3 супени лажици свежи или суви цветови Дивизма прелеваме со 2 дл маслиново масло; стои на светло место 21 ден, повремено проматувате. Потоа се процедува.
Се накапува во уво по неколку капки против болки и наглувост.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови