ГАВЕЗ или на латински Symphytum officinale.  

Гавез – состав и својства

Повеќегодишна билка, со сочни и влакнести стебленца, има љиљаково-розеникави цветови, кои висат надолу. Ја има насекаде, а лесно се одгледува и во бавча – се пресадува цел корен или дел.

Лековито дејство на Гавезот

Лековит е коренот, има темнокафеава до црна боја. Се вади наесен, тогаш содржи најмногу Алантоин, активна состојка која потикнува создавање на нови клетки, забрзува зараснување на рани, обновува скршено коскено ткиво и тетиви оштетени при шинување и исчашување. Подобрува и циркулација.

Kоренот содржи и танини, кои запираат крварења. Олеснува ревматски болки и болки од ревматоиден артритис и од дегенеративни промени на крсниот дел, повреди од спортски активности, болки во мускули и сл…

Внимание со чаеви и тинктури за орална употреба, гавезот има токсични состојки и може да биде штетен за црниот дроб, затоа сите приправоци се само за надворешна употреба!!!   

Маст од гавез – природен лек против болки

Екстра цедено масло се користи за правење на оваа маст – има слично дејство како Ибупрофен (содржи Олео-кантал!). Маста се користи за болки од воспалителни дегенеративни болести на коски и зглобови.

Рецепт

Копаме и чистиме 250 гр корен од Гавез од место кое не е изложено на загадување; коренот не се одголува.  Во тенџере со мешање топиме 1 кг измиена чиста свинска маст, со малку вода, но без додаток на сол. Маста е готова штом на површината формира светложолти чварци/пршки. Процедуваме и во друг сад одвојуваме 45 супени лажици маст да се олади. Во топла маст се додава ситно иситнет корен од Гавез и мешаме околу 15 мин. Оставаме да одстои 8-9 саати (преку ноќ) и после тоа пак загреваме 10-тина мин за да се стопи маста. Додаваме 41 супена лажица ладно цедено маслиново масло, додаваме 140 гр пчелин восок, мешаме добро додека сосем да се истопи восокот и сипаме во неколку помали керамички кутивчиња. Се полнат до врв, да не влезе воздух. Маста трае 1 година! 

Употреба на маста

За масажа на нозе, особено за жулеви и кокалчиња, за нега на дијабетско стапало. На рани се мачка наоколу, директно врз рана носи ризик од развивање на апцес – раната површински се затвора, а внатре останува гној.

Тинктура

Во 7 дл појака комовица ставаме 100 гр иситнет корен гавез. Стои во шише 14 дена, на темно место, со повремено проматување. Се процедува во темно шише и се чува на темно место. Тинктурата е густа и мириса. Ако се употреби алкохол 70%, тинктурата не мириса.

Употреба на тинктурата

Се употребува против истите тегоби како и маста од гавез. Гавезот е незаменлив против воспалени тетиви, воспаление на зглобови (артритис), исчашување и шинатост на зглобови, нагмеченост, крвни подливи – хематоми, воспаление на вени (тромбофлебитис) и др…

Тинктурата е одлична и во козметиката: обновува набрчкана кожа, особено брчки околу очите. Подолга употреба сосем регенерира кожа на лице и раце!

Внимание: Приправките од гавез да се држат надвор од дофат на деца и НЕ се користат за внатрешна употреба!!!


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови