Хроничен замор или слаба енергија т.е. попопуларно „Немам енергија“. 

Опис на проблемот

Постои изрека за современиот човек дека се наоѓа: ,,ВО ВРЕЛ КОКТЕЛ“, поради големиот број обврски и за жал – многу малку време за одмор, рекреација и општествен живот!

Често е чувството на заситеност, замор, пад на концентрација и слаба мотивација за работа! Гледање ТВ навидум релаксира, но, премногу време проведено покрај ТВ екранот, создава зависност од најразновидни емисии, спортски настани и сл.

Мора да се промени животниот стил и да се најде време за одмор. А доколку во тоа успееме, но сепак не помага, тогаш мора да се оди на лекар!

Причини за хроничен замор

Лоша исхрана

Се мисли на прескокнување оброци или предолга пауза помеѓу нив, што предизвикува пад на нивото на шеќер во крвта и слаба енергија со чувство на замор!

Причината е можеби и лош избор и лошо зготвени и неизбалансирани јадења или поради слаб внес на течности.

Пасивност и хроничен замор

Слаба физичка активност успорува метаболизам и доаѓа до зголемување на телесна тежина, што носи ризик од кардио-васкуларни болести, чувство на замор и поспаност!

Премалку сон

Оние кои легнуваат доцна имаат ризик од слаба енергија; истото важи и за тие кои се стално или често ноќе на работа, а спијат преку ден. Не помагаат кофеин и енергетски пијалоци – краткорочно даваат енергија, но имаат низа нус-ефекти како тахикардија, немир, вртоглавица, главоболка, дехидрираност…што отежнува заспивање и континуиран сон!

Стрес и хроничен замор

Ретко кој не е загрижен поради недостаток на парични средства, здравје и други грижи. Дружење со луѓе со негативна енергија, следење стресни ситуации (вести за војни и сл..), сето тоа генерира замор и мускулна напнатост и создава потешкотии во спиење.

Слабокрвност

Замор е последица и на болести како дијабетес, анемија, тегоби со тироидна жлезда, инфекции на уринарниот тракт, срцеви тегоби, анксиозност и депресија.

Мора да се лечи, доктор одредува терапија.

Решенија за хроничен замор

Што можеме да направиме за да си помогнеме самите на себе??!!

Правилна исхрана

Да се конзумира што повеќе овошје и зеленчук, житарки (содржат есенцијални витамини и минерали). Покрај главните оброци, кои не треба да бидат преобилни, треба да се практикува и земање на 1-2 ужинки (банана, протеински плочки, путер од кикирики, суво и орашасто овошје…), содржат есенцијални масни киселини кои се многу битни за нормална работа на мозокот и одржување на стабилен шеќер.

Внес на рафинирана храна да се намали.

Спиење

Да се воспостави ритам на спиење – да се легнува и станува во приближно исто време. Се спие во темна просторија, со температура од околу 19-20оЦ. 2 саата пред спиење да се избегнува физички напор, предолго гледање ТВ или седење на компјутер.

Физичка активност

После напорен ден, наместо во кревет, да се оди на полесна прошетка, на пливање…ублажува замор и стрес, подобрува расположение, намалува килограми. Често да се оди во природа, природна светлина поттикнува производство на витамин Д!


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови