Калцификација на крвни садови – калциумот нормално се транспортира низ крвните садови и може да се наталожи на внатрешните ѕидови на артериите, но и заедно со штетни маснотии.

Така настанува Атеросклероза!

Опис, својства, симптоми на калцификација на крвни садови

Доколку се внесува во препорачани дози, минералот Калциум ја одржува крвта во алкална состојба и врши нормална хидратација на клетки. Има улога во зајакнување на заби, коски и др.

Но, превисок ниво на Калциум во крвта пореметува бројни функции во организмот, се формира слој како креда. Опасен е за меките ткива и крвните садови, како и за срцевите залистоци, мозок, зглобови, мускули, бубрези, мочен меур…

Причина за калцификација се и воспаленија, внатрешни повреди, стареење, од некои заболувања (рак на дојка, камен во бубрег, Алцхајмер…).

Симптомите се појавуваат во напредната фаза на болеста!

Ризик фактори за калцификација на крвни садови

Ризик фактори

Кај мажите таложење калциум се случува и во тинејџерски години. Тоа не се случува кај жените – заштитени се со хормонот Естроген, се до менопауза, а потоа во ризик се и жените.

Постари лица кои патат од Остеопороза се исто така ризична група.

Исто така, пушачите (чад од цигари го оштетува внатрешниот слој на крвните садови т.н. Ендотелиум и покренува таложење на Калциум и лош холестерол) и лица кои премалку се движат.

Причина за таложење на Калциум може да биде и недостаток од витамини Д3 и К2, лоша исхрана, некое силно воспаление или инфекција, поради некоја автоиумуна болест и др.

Исхрана

Најчести совети се внесување доволно протеини, витамини, минерали и Омега-3 масни киселини. Почесто да се јаде свеж или обарен зеленчук и овошје, особено зелен лиснат зеленчук (зелена салата, кељ, зелка), содржат многу витамин К2 кој намалува плак од Калциум дури до 50%!

Едноставни јаглени хидрати и шеќер треба да се сведат на минимален внес, како и млеко и млечни производи. Протеини се внесуваат умерено, колку да ги има доволно. 

Потребно е да се исфрли внес на тн. Трансмасти!

Треба да се пие доволно вода, со малку лимон. Органско кафе е дозволено – до 2 чаши на ден, а алкохол сосем умерено.

Билни рецепти и храна против калцификација на крвни садови

Лимон

Разложува наталожен калциум во крвните садови. Витамин Ц намалува ризик од срцеви заболувања и од срцев удар. Лимета има речиси исто дејство.

Рецепт: сечеме 1 кг лимон (со корка) на четрвтинки. Вариме во 1 л вода, заедно со 300 гр исецкан лук 15 минути. Се лади 20 мин., процедуваме и сипаме во тегли. Се пие 1 ракиена чашка на ден, 25 дена по ред.

Лук

Преполн е со растворливи влакна, со витамини и минерали; намалува плак од калциум и ЛДЛ-лош холестерол во крвни садови. Намалува крвен притисок и ја олеснува работата на срцевиот мускул.

Рецепт: во 150 мл млеко, оставаме преку ноќ 2 иситнети чешниња лук; се пие пред доручек, 20-тина минути.

Куркума против калцификација на крвни садови

Запира процес на калцификација, чисти наталожен плак и подобрува циркулација. Регулира крвен притисок и згрутчување на крв. Намалува воспаленија воопшто, па и во крвни садови.

Ленено масло

Спречува создавање на крвни згрутчувања и калцификати на крвните садови. Богато е со Омега-3 масни киселини, помага во лечење на атеросклероза, нормализира крвен притисок, спречува раст и развој на канцерогени клетки!

Рецепт: 2 супени лажици ленено масло ставаме во 2 дл вода да одстои во фрижидер цела ноќ; наутро се пие!

Глуварче

Подобрува циркулација, чисти лош холестерол, а го нормализира добриот ХДЛ холестерол, чисти плак од калциум. Богато е со антиоксиданси!

Рецепт: 1 полна рака сув лист Глуварче попаруваме со 250 мл зовриена вода. По 10 мин. процедуваме. Се пијат 2 чаши на ден, максимално три!

Глог

Одлична билка за крвните садови!

Глог подобрува циркулација, намалува калцификација. Регулира и низок и висок притисок! Спречува срцев удар. Се пие тинктура, 2 пати на ден по 10-15 капки.

Ловор

Зајакнува капилари во ѕидовите од срцевиот мускул, штити срце и крвни садови од калцификација. Средува сооднос на ЛДЛ и ХДЛ холестерол.

Ловор намалува воспаленија.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови