Лимон е едно од најпосакуваните овошја. Многу често се користи и кај нас. Штити од многу заболувања и со право се нарекува Суперхрана!
Состав
Полн е со нутриенти, содржи флавоноиди, пектини, фолна киселина, витамини Ц, А, Б1, Б6, калиум, калциум, магнезиум, фосфор и манган.
Својства и примена на Лимон
Има благотворно дејство на црниот дроб, црева, желудник, на имуниот, нервниот и кардиоваскуларниот систем. Редовно користење спречува појава на ларингитис, бронхитис, грип, настинка, артритис, хипертензија, бактериски инфекции, каменец во бубрези и жолчка, а има и анти-канцерогено дејство!
Вода со лимон – здравствена корист
Се пие наутро сок од лимон со млака вода – стимулира варење, елиминира токсини, делува анти-септички, помага против колики и желудечни тегоби, помага создавање на ензими во црн дроб, регулира работа на метаболизмот. Намалува висок притисок и лош холестерол, штити од стрес и депресија, намалува ризик од мозочен удар и од остеопороза, помага слабеење, спречува гингивитис и стоматитис… Се пијат 1-3 чаши на ден!
Според многу испитувања, лимунот има посилно антиканцерогено дејство дури и од некои лекови за хемотерапија. Притоа не ги оштетува здравите ќелии, ги напаѓа само канцерогените.
Лимoнот убива и бактерии, вируси, габи, а делува и против паразити.
Билни рецепти со Лимон
Чистење на Црн Дроб
2 супени лажици Нане попаруваме со 2,5 дл жешка вода, поклопуваме; по 30 мин. процедуваме. Додаваме сок од 2 лимона. Се пие наутро и навечер по 125 мл.
Лимон како маска за лице
Миксаме 1 белка и полека додаваме сок од ½ лимон. Мачкаме на лице и оставаме да се исуши. Миеме со млака вода. Се прави еднаш неделно. Чисти кожа и стеснува пори.
Лимон против масни наслаги на стомак
Блендираме 125 гр рен, додаваме 3 исецкани лимона сосе корка, се додека масата не се воедначи. Додаваме 1 супена лажица јаболков оцет и 3 лажици мед. Се зема по 1 супена лажица смеса, 2 пати на ден, во тек на три недели.
За имунитет
Блендираме 1 исецкан лимон и мешаме со 2 супени лажици мед и 1 супена лажица куркума. Се зема по 1 мало лажиче, три пати на ден, под јазик, полека да се истопи.
Против акни
Содржи лимонска киселина, делотворна е против акни. Витамин Ц има алкална природа која убива некои бактерии кои се познати предизвикувачи на акни.
Затоа, наутро се пие по 1 лимонада!
Свеж лимунов сок може да се нанесе навечер врз акните; наутро миеме лице со вода. Кај некои се јавува непријатно чувство на кожата, но тоа бргу се губи. Мешаме по 1 мало лажиче сок од лимон и мед и нанесуваме на лице. Стои 30-45 минути. Миеме со вода. Се прави наутро и навечер.
Против холестерол
Содржи пектин, кој заедно со другите состојки, холестеролот ќе го нормализира. Затоа, секое утро треба да се напиеме лимонова водичка.
Против ранички во уста
Три пати на ден правиме гаргара со вода во која има сок од ½ лимон.
Кај настинка и грип
Пиеме лимонада – 1,5 дл вода со сок од ½ лимон, со 1 кафено лажиче мед!
За вени
Земаме 2 супени лажици процедок од маслиново масло, во кое 2 недели одлежал лист од ловор (0,5 л маслиново масло со 20 гр сув лист ловор); укапуваме 3 капки лимуново масло и масираме нежно на зафатените подрачја, 2 пати на ден. По 30 минути, се тушираме наизменично со топла и со ладна вода. Помага носење на ортопедски чорапи, одмор со поткренати нозе.
За концентрација и замор
Етеричното масло од лимонот стимулира активност на мозокот; кога ќе се осетиме изморени и со слаба концентрација, во арома светилка додаваме 4 капки лимоново масло, а добро е да се испие и чаша лимонада.
Кај воспалено грло
Во чаша млака вода растопуваме 1 супена лажица морска сол и сок од 1 лимон. Со ова се прави гаргара!
Внимание, не смее да се пие! Грлото се плакне 8-10 минути!
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови