Маточина, матичњак, пчелна трева или на латински Melissa officinalis.

Маточина – состав и својства

Повеќегодишна билка, ако се протрие листот мириса на лимон. Има разгрането исправено стебло, со рапави јајчести лисја, странично назабени. Цветовите се во пазувата на лисјата, круничката е синобела или жолто бела; цвета од Јуни до Септември. Плодот е сув и се распаѓа на 4 дела. Расте по грмушки во сенка, може и да се одгледува. Лековити се врвовите на стебленцата и лисјата. Содржи етерични масла, танини и горчливи состојки, фенолни киселини, флавоноиди, тритерпени.

Дејство и намена

Делува како седатив, против висок притисок, против грчеви и бактерии, делува и против херпес вирус. Делува на неурози, меланхолични состојби, аритмија и тропање на срце на нервна база, помага во менопауза, бронхијална астма, повраќање за време на бременост.

Против мигренозни болки, при неуротични состојби со вртоглавици, за искашлување, против болки и чувство на тежина и подуеност на стомакот, против забоболки и лош здив итн…

Рецепти со маточина

  • Во 4 дл зовриена вода ставаме 2 супени лажици иситнета билка, по 15 мин. се процедува. Ова е доза за 1 ден, се пие во голтки. Инфузија од свежи лисја се користи за депресивни состојби, нервна исцрпеност, тегоби со варење, мачнина, на почеток на настинки и грип.
  • Отоци, чиреви, удреници, хематоми: облога од свежи лисја – 2 супени лажици се попаруваат со 2 дл зовриена вода, се оладува и се нанесува на болно место
  • За иста намена се користи и Тинктура од свежи лисја, во помали дози, обично се поефикасни
  • За гребнатинки и исеченици се цеди сок од свежи лисја
  • Рани, осипи, убоди од инсекти, за протерување на инсекти: се употребуваат мелеми во комбинација со пчелин восок

Рецепт против Херпес зостер

5 капки етерично масло маточина се меша со 1 кафено лажиче маслиново масло и полека се утрива врз зафатеното место или се мачка со мелемот.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови