Сите знаеме дека морков подобрува вид, но делува благотворно и на кардиоваскуларниот систем!

Опис, состав и својства

Морковот е богат со витамин А, Ц, К и Б8, како и со фолати, железо, калциум, манган, бакар…Морковот содржи бета-Каротен, кој организмот го претвора во витамин А. Содржи и пигмент Лутеин кој очите ги штити од тн. Макуларна дегенерација, од глауком и од катаракта! Но, ова дејство има превентивен карактер, па доколку видот е веќе оштетен, морковот не може битно да го поправи!

Morkov i oči - Морков и очи
МОРКОВ Е ДОБАР ЗА ОЧИ

Еден морков на ден дава одличен учинок на здравјето! Каротеноидите во морковот штитат од дејство на слободните радикали и го зајакнуваат имунитетот и отпорноста кон многу болести.

Морковот содржи и т.н. Полиацетилени и некои други состојки кои успоруваат развој на канцерогени ќелии, а имаат и антивоспалително дејство.

Занимливост: Редовен внес на морков намалува ризик од рак на простата, на бели дробови и на дебело црево!

Морков – здравствени бенефити

Доколку редовно се конзумира, морковот е добра заштита за изгореници од сонце. Повеќето зеленчуци и храна губат добар дел од корисните состојки со термичка обработка, кај морковот тоа не е случај! Кога јадеме сиров морков се користи само 5% од бета-каротенот, а ако се јаде сварен се користи дури 60%! Ако се измикса во блендер и потоа се свари, тогаш се користи дури до 90% од бета-каротенот!! Пигментот бета-каротен, доколку јадеме морков во поголеми количества, може да ја обои кожата во портокалова нијанса. Не е проблем, треба само да се намали количеството на морков кој го јадеме и кожата ќе си ја врати вообичаената боја!

Морков и кожа - Morkov i koža
МОРКОВ Е ДОБАР ЗА КОЖА

Особи кои патат од висок крвен притисок и срцеви зааболувања треба да конзумираат морков поради антиоксидансите што ги содржи (бета-каротен, алфа-каротен и лутеин) кои регулираат ниво на холестерол и намалуваат ризик од срцеви заболувања.

Занимливост: Редовна козумација на морков намалува ризик од срцев удат за дури 70%!

Морковот содржи шеќер, но сепак е добар за особи заболени од дијабетес. Шеќерот во него е природен, лесно е сварлив, а каротеноидите го регулираат нивото на шеќер во крвта!  Морковот успорува и процес на стареење; изобилието на бета-каротен во морковот е добра гаранција за заштита на телото од бројни оштетувања, а изобилието на витамин Ц потикнува создавање на колаген, кој дава елстичност и спречува создавање на брчки на лицето!

Препораки

Морковот е добар и за оралното здравје, кога се грицка отстранува наслаги од храна, потикнува лачење на плунка и ја враќа киселоста на плунката и со тоа спречува кариес.

Морков и заби - Morkov i zabi
МОРКОВ ПОМАГА ПРОТИВ КАРИЕС

Морковот е одличен заштитник на црниот дроб – подобрува исфрлање на токсини и масни наслаги во неа. Намалува ризик од хепатитис, лош холестерол и од цироза на црниот дроб. Воопшто земено, морковот е добар за севкупниот дигестивен систем – спречува горушица, затвор и подуеност.

Особено позитивно дејство морковот има на кожата. Антиоксидансите и витаминот А ја штитат од штетно влијание на УВ-зраците, а обновува и оштетено ткиво. Спречува појава на акни, дава уедначен и убав тен.

Приправоци од морков

Маска за кожа од морков

Мешаме 2 супени лажици нарендан морков со малку мед и нанесуваме на врат и лице; штом се исуши, маската се мие.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови