Невен или на латински Calendula officinalisцветот треба да се бере преку ден, на сонце, тогаш е најлековит!

Состав

Содржи Танини, Флавоноиди, Сапониди, етерични масла, витамин А, Бета Каротен, смола и многу други минерали и витамини. Од него се прават тинктури, чаеви, масти… Невенот најдобро делува за зацелување на рани, за чистење на крвта.

Тинктура од Невен

Се употребува за облоги на рани, отоци, подливи, нагмечувања, модринки.

Маст од Невен

Се користи за лечење на рани, изгореници, красти, а и против хемороиди. Помага против проширени вени и промрзлини.

Чај од Невен – рецепти

Најчесто се прави од сув цвет. Се користи за облоги и испирања. За здравствени потешкотии во усната шуплина, овој чај е вистински избор.

Чај од Невен
ЧАЈ ОД НЕВЕН

Рецепт за внатрешна употреба:

1 кафено лажиче билка во 250 мл зовриена вода.

Три пати на ден се испира уста со чај од Невен.

Чајот е добар напиток, помага за прочистување на крвта, а и против Хепатитис (вирусно воспаление на Црн Дроб), против тегоби и болести на црева и желудник и против уринарни инфекции; помага и против мачнина и повраќање, ќе ублажи и менструални тегоби, симптоми на настинка, како и болки од чир; смирува и тропање на срце.

Рецепт за надворешна употреба

Чај за облоги: 6-8 гр. цвет Невен се попарува со 1 л. зовриена вода, стои 5 минути и се потопува некоја ткаенина. Облоги се ставаат 3-4 пати на ден.

Чајот се користи за облоги при проблеми со кожа – испукана кожа, изгореници од сонце или други изгореници, за помали рани или боцкање од инсекти.

Мелеми од Невен

Одлично се покажале против габички, особено Кандида, помага против Псоријаза, против сув и влажен Егзем, како и против перутање на кожа. Овие мелеми стимулираат создавање на нов епител, а ќе санираат и гноен исцедок. 

Мелем од Невен. Melem od Neven
МЕЛЕМ ОД НЕВЕН

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови