Ревматски заболувања или Реума подразбира низа здравствени заболувања за кои се карактеристични болки во зглобови, коски, мускули и тетиви, вкочанетост и намален опсег на движења.

Опис на болеста

Болеста се развива постепено, а освен болки, воспаление и отоци, може да се појави и општа премаленост (малаксалост), зголемена телесна температура, топлина во воспалените зглобови, слабеење. Болеста долго се манифестира со исти тегоби, но често состојбата и се влошува.

Препораки околу подобрување на состојбата

Пијте чаеви од лековити билки, сојузници на коскено-зглобниот систем, благодарејќи на високата содржина на полифеноли (имаат силно антивоспалително дејство) и други активни материи, во голема мерка помагаат против разни ревматски тегоби. 

Ви претставуваме неколку најделотворни билки кај ревматски заболувања или реума

Чај од Коприва кај ревматски заболувања:

Зелените лисја од Коприва се пребогати со витамини и минерали кои имаат силно анти-оксидативно дејство и го инхибираат еден од главните ензими кој влијае на воспалителни процеси во организмот.

1 полно кафено лажиче сува билка се прелева со 2 дл зовриена вода. Стои поклопено 20 мин., потоа се процедува. Се пие 2 недели, по 2-3 чаја на ден.

Чај од Ѓумбир за Реума

Состојките во ѓумбирот блокираат синтеза на материи кои предизвикуваат болни воспалителни процеси во мускулите и зглобовите, што намалува болки, отоци и вкочанетост. Ѓумбир содржи активни компоненти – Гингерол и Кверцетин, кои имаат силни антиоксидативни својства.

1 кафено лажиче исечкан корен од Ѓумбир се прелева со 1 чаша зовриена вода, стои поклопено 15 минути и процедуваме. Се засладува со малку мед и се пие по една ваква чаша пред доручек и вечера.

Чај од врбова корка за ревматски заболувања

Врбова корка во форма на прав, тинктура или екстракт, има аналгетско дејство и се користи за ублажување на воспаленија, на пр. ревматоиден артритис и вкочанети зглобови.

1 кафено лажиче иситнета корка од врба прелеваме со чаша ладна вода и полека загреваме до вриење. Тргаме од оган, додаваме ¼ кафено лажиче ѓумбир во прав, промешуваме и оставаме да одстои 1 саат. Се процедува и се пие пред јадење, по 1 голтка на секои 5 мин., наутро и навечер по 1 чаша, 10 дена.

Чај од Куркума за Реума

Според многу стручњаци, куркума е најдобро лековито средство против воспалителни и дегенеративни болести на зглобовите. Куркума има анти-воспалителни ефекти и содржи анти-оксиданси кои неутрализираат слободни радикали што резултира со намалени болки и отоци во зглобовите.

Мешаме 1 кафено лажиче прав од Куркума и ½ кафено лажиче Ѓумбир во прав, со ¼ кафено лажиче мелен црн бибер, прелеваме со чаша зовриена вода и оставаме 15 мин. Се додава по 1 кафено лажиче сок од лимон и мед. Се пие по 1 чаша пред главните оброци, 20 дена, потоа се прави пауза од 7-10 дена.

Чај од Шипка за ревматски заболувања

Делува против болки, забрзува регенерација и штити рскавица. Содржи многу витамин Ц и анти-воспалителни фитохемикалии. Содржи активна состојка Галактолипид, кој помага против болки и утринска вкочанетост предизвикани од ревматоиден артритис.

Комбинација од плод Шипка и Хибискус има најсилно анти-воспалително дејство:
По 1 кафено лажиче иситнет сув плод Шипка и Хибискус се прелева со 2 дл зовриена вода и се остава поклопено 1 саат. Се процедува и се пие пред јадење. Се пијат 2 чаши на ден, 14 дена, потоа се прави пауза од 7-10 дена.

Алое Вера за Реума

Има антивоспалителни својства. Гелот е добар за топикална и за орална употреба. Чајот од Алое вера смирува воспалителни процеси. Билката не покажува несакани ефекти и нема лошо дејство врз гастро-интестиналниот тракт, ниту е контра-индицирана со лековите кои се препишуваат за артритис и слични заболувања. 

Темјан за Реума

Содржи ефикасни состојки за ублажување на ревматски тегоби – воспаление, болки, отоци и вкочанетост на зглобови. Темјанот има добро дејство против ревматоиден артритис, остеоартритис и гихт. Подобрува циркулација на крв низ крвни садови оштетени од воспалението. 

Загреваме 2 л бело вино до вриење и додаваме ½ кафено лажиче Темјан и вариме уште 2-3 минути. Оставаме да се пролади и со ова вино масираме болни зглобови.

Уште неколку ефикасни рецепти кај ревматски заболувања или реума

Рецепт бр.1                                         

2 кг домашен ливадски мед, 1 л дестилирана вода,  250 г сува луцерка, детелина Medicago sativa. Детелината ја вариме на тивок оган околу 60 мин., се трга од оган, процедуваме; кога ќе се излади го додаваме медот и промешуваме да се растопи. Се остава целосно да се излади.

Секој ден се зема по 2 супени лажици, после јадење, трипати дневно. 

Рецепт бр.2                                     

Измиена корка од 2 лимона оставаме во 2 дл маслиново масло на топло место 14 дена. Процедуваме, натопуваме ленена крпа, ставаме на болно место, со фолија и одозгора волнен шал, стои преку ноќ.

Рецепт бр.3                                

Мелеме по 100 гр сиров компир и рен; болното место го мачкаме со маслиново масло и ја ставаме облогата со фолија и волнен шал, оставаме да делува, со лесно движење на зглобот цело време; штом почне посилно да пецка, ја тргаме и местото го миеме со млака вода.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови